Празнична месна даска

Празнична месна даска за гурмани

Новогодишната ноќ ќе ја поминете во домашна атмосфера во друштво со пријателите? Сѐуште размислувате какви јадења да подготвите и да спремите богата трпеза? – Имаме одлична идеја! Направете празнична месна даска која ќе ги задоволи сите гурмански вкусови.

Празничниот период е идеален за дружби со семејството и пријателите. Токму за ваквите пригоди, ви предлагаме да направите месна даска на која ни еден гурман не може да одолее. А за да биде во склоп со новогодишните и божиќните празници, препуштете и се на фантазија и декорирајте ја со празнични мотиви по ваша желба и со љубов.

Празнична месна даска

Состојки:

Подготовка:

  1. Зеленчукот исчистете го и измијте го. Свинската коленица убаво измијте ја и ставете ја во подлабок сад за варење. Прелијте ја со доволна количина вода за да ја прекрие коленицата.
  2. Ставете го садот на оган да зоврие. Непосредно пред вриење, отстранете ја пената од површината. Дел од зеленчукот исечкајте го и додајте го во садот со месото (1 главица кромид, 2 моркови, 1 корен од пашканат, по малку магдонос и целер, 2 чешниња лук и 1 компир). Зачинете и додајте ги ловоровите листови.
  3. Оставете да се вари околу 1 час, додека месото малку омекне.
  4. Во меѓувреме направете сосот од преостанатиот зеленчук и сланината. Кромидот и сланината ситно исечкајте ги и кратко пропржете ги. Потоа, додајте ги исечканите корен од пашканат, магдоносот, целерот и морковите. Зачинете по вкус, додајте мелена црвена пипер и динстувајте ги зеленчуците со повремено додавање бујон.
  5. Откако свинската коленица ќе омекне извадете ја од садот и ставете ја врз динстуваниот зеленчук. Додајте малку од течноста во која се вареше и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече околу 40 минути, во зависност од рерната. Кога месото ќе добие убава боја извадете ја тавата од рерна.
  6. Во грил тава на оган, пропржете ги колбасите од сите страни.
  7. Подготвената свинска коленица, колбасите и динстуваниот зеленчук во сос, сервирајте ги на даска. Послужете дополнителни сосови по желба, декорирајте и забавата може да започне!

Наша препорака:

Ништо не е невозможно со добра идеја и квалитетни намирници, зарем не?! – Веруваме дека нашиот предлог за празнична месна даска ќе ви се допадне на сите. А кога станува збор за квалитетно и свежо свинско месо наш прв избор се Агриа! Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. А во нивната палета, освен свинско месо ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки кои дополнително ќе ја збогатат оваа празнична даска. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

месна даска

И за крај, уште еден предлог за празничаната трпеза: Похувани палачинки со фил од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: