Стевиата е природен засладувач кој добива од листовите на истоименото растение. Има многу ниска калориска вредност и е популарна во меѓу лицата кои практикуваат здрава исхрана и дијабетичарите, затоа што не го подигнува нивото на шеќер во крвта. На нашиот пазар најчесто се среќава стевиа во прав, па затоа се одлучивме да ве запознаеме подобро со начините на користење.
Стевиа во прав произведува Витаминка, а може да ја најдете во поголемите маркети. Таа по изглед е слична на шеќерот во прав и може да се користи на многу начини. При користење треба да имате во предвид дека е послатка од шеќерот, при што 1 грам стевиа во прав заменува 4 грама шеќер.

Може да се користи за засладување на кафето или омилениот сок
Стевиата во прав може да се набави во пакување од 180 грама кое е идеално за сечиј дом и при подготовка на рецепти. Исто така, достапна е и во ќесички од 1 грам кои можете да ги понесете на работа, патување и да ги искористите за засладување на кафето, чајот или другите пијалаци. Стевиата може да ја користите во пијалаци:
- топли пијалаци: чај, кафе и какао.
- ладни пијалаци: кефир, лимонади и сокови.
Стевиата е одлична замена за шеќерот во подготовка на појадоци
Стевиата може да ја додадете во овесна каша, мусли или појадок со житарки. Исто така, убаво се вклопува во оброци со јогурт и овошје, а и зелено смути. Кога сме кај појадоците ви предлагаме да го пробате здравиот пудинг со чиа семе без шеќер.
Што треба да знаете при подготовката на печива, торти и колачи со стевиа?
Стевиата во прав може да се користи како замена за шеќерот при подготовка на печива. Стевиата во прав од Витаминка е стабилна е на температура од 200 степени, па е идеална и за подготовка на различни печени десерти, торти и колачи. Штом правите рецепт, количината на шеќер заменете ја ¼ стевиа во прав. Имено, доколку во рецептот е потребно да се стави 100 грама шеќер, заменете го 25 грама стевиа во прав. На тој начин ќе се постигне приближна блажина на печивото, само што внесот на калории ќе биде значително помал. Покрај тоа, ќе треба да додадете повеќе брашно и течност (млеко или путер) за да се дополни разликата во заменетите грамови шеќер.
Совети плус: Доколку сте почетник, најдобро ќе биде да користите рецепти чие упатство наведува колку стевиа треба да користите. Иако може да ја замени блажината на шеќерот, треба да знаете дека стевиата не карамелизира.
Како може да се маскира останатиот вкус во устата?
По консумирањето на стевиа, во устата може да почувствувате малку горчив вкус. За да ја неутрализирате горчината, додајте мала количина на нектар од агаве (кој има мал гликемски индекс), сок од лимон или лимета.
Како вие ја користите стевиата во прав? Кој е вашиот омилен рецепт со стевиа?
Ви предлагаме да прочитате: 6 здрави засладувачи за фит фигура.
*Комерцијален текст