Здрав пудинг со чиа семе без шеќер 1

Здрав пудинг со чиа семе без шеќер

Кога ќе ги прочитате состојките, ќе знаете дека е фантастичен за хранлив и енергичен почеток на денот! Рецептов за здрав пудинг со чиа семе, ванила и цимет, а без шеќер е одлична сугестија за вкусна здрава промена во секојдневната исхрана. Се прави прилично лесно, што е особина која скоро секој ја посакува, брзо да се прави и да биде вкусно.

Многу важна карактеристика за овој сладок оброк е хранливиот аспект, заради кој се препорачува негова честа комбинација, а посебно за лица кои обожаваат фитнес, тренираат аеробик или се занимаваат со разни спортски активности. Чиа пудингот е хранителен и многу вкусен, па откако ќе го пробате ќе стане незаменливо вреден рецепт кој често ќе го подготвувате дома.

Важни факти за здравиот пудинг со чиа семе

  • Ова е можеби еден од највкусните начини за јадење на чиа семе, кое е богато со висока содржина на протеини во својот состав дури до 4 грама протеини во 100 грама чиа семе, до 27 грама здрави масти кои му се потребни на организмот за правилна функција и фантастично висока количина на растителни влакна, односно до 33 грама растителни влакна во 100 грама чиа семе.
  • Семето од чиа е се повеќе е популарно во третманите за намалување на телесната тежина, затоа што ја намалува апсорпцијата на храната, како резултат на зголемувањето на  нејзиниот волумен и олеснувањето на процесот на варење на храната со што овозможува нејзнино побрзо поминување низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата.
  • Благодарение на способноста да го зголемува волуменот на храната за 10 пати, семето од чиа допринесува да се чувствувате сити и доколку сте изеле помала порција на храна.
  • Претставува одлична храна  за спортисти, бидејќи овозможува правилна хидратација на телото со што е квалитетен избор за подобра виталност на телото.

Отсуството на шеќер од една страна и присуството на стевиа (природен засладувач со нула калории) од друга страна, надополнето со здравото бадемово млеко кое не содржи лактоза се одлични параметри кои овој пудинг го прават препорачлив и за лицата кои имаат интолеранција на лактоза, а исто така е препорачлив за лицата кои не смеат да внесуваат глутен. Циметот и ванилата му даваат посебно шмекантен вкус, а по желба може да го надополните вкусот со овошје. Посебно ги препорачуваме малините, јагодите или друго бобинкасто овошје. Од една доза ќе направите две порции. Во секоја порција има само 120 калории, 3 грама протеини, 12.4 грама јаглени хидрати, 6.9 грама масти и 7.5 грама растителни влакна.

Здрав пудинг со чиа семе без шеќер 2

Состојки:

  • 1 шолја незасладено бадемово, кокосово или друго растително млеко
  • 3 лажички чиа семе
  • ½ до 1 лажичка стевиа (може да ја замените со мед или јаворов сируп)
  • 1 лажиче ванила екстракт
  • ½ лажиче цимет
  • прстофат сол.

Подготовка:

  1. Најпрво измешајте ги сите состојки заедно во мал сад.
  2. Потоа ставете ја смесата на ладна температура во фрижидер и оставете ја така да стои најмалку 2 часа, а во ред би било и доколку го оставите пудингот да преноќи во фрижидер. Се препорачува во првите 2-3 часа неколку пати да го промешате за убаво да се соединат состојките.
  3. Здравиот пудинг од чиа семе се служи ладен, а може да го сервирате со ситно овошје по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате и рецепт за овошен пудинг без шеќер.

Сподели: