бадемово млеко

Домашно бадемово млеко

Бадемовото млеко е едно од најдобрите млека кое може да ги консумирате, особено ако организмот не ви поднесува лактоза. Тоа не содржи заситени масти и холестерол, а е богато омега-3 масни киселини кои се многу добри за вашето срце. Поволниот нутритивен состав на бадемовото млеко го прави идеална храна за кои сакаат да ја намалат телесната тежина на здрав начин.

Бадемите се богати со витамини и минерали, па бадемововото млеко не мора дополнително да се витаминизира. Бадемите содржат витамин Е, манган, селен, магнезиум, калиум, цинк, железо, влакна, фосфор и калциум.

Една чаша бадемово млеко во просек содржи:

  • 60 калории
  • 1 грам протеини
  • 1 грам растителни влакна
  • 200 мг калциум
  • 180 мг калиум.

Лесно можете да го приготвите и сами, а рецептот за домашно бадемово млеко е следниот:

Состојки:

  • 1 чаша сурови бадеми (несолени, непечени)
  • 4 чаши вода
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка цимет.

Подготовка:

  1. Бадемите ставете ги сад и додадете вода. Оставете ги да отстојат во водата преку ноќ или 8-12 часа, така што бадемите ќе омекнат, а со тоа се олеснува припремата на бадемовото млеко.
  2. Потоа процедете ги бадемите од течноста, ставете ги во бледнер и додадете 4 чаши вода.
  3. Миксирајте за време од 1 до 2 минути, додека смесата стане хомогена. Млекото процедете го низ платнена цедилка, а по желба додајте екстракт од ванила и цимет.
  4. Готовото бадемово млеко турете го во шишиња, чувајте го во фрижидер и искористете го во рок од 3 дена.

На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Направете овесно млеко од овесни снегулки.

Сподели: