Овошен пудинг без шеќер 2

Овошен пудинг без шеќер

Не постои човек кој не сака да касне нешто слатко макар и повремено! Сигурни сме дека секој кој внимава на себе, на своето здравје и посакува убаво обликувано и витко тело, би сакал да го проба вкусниот и нискокалоричен овошен пудинг без шеќер. 

Моќта на јаболкото за човечкото здравје е незаменлива, како од хранливо здравствен аспект, така и од медицински агол, па се препорачува за честа консумација и помеѓу оброци. Од свежото јаболко организмот има способност да ги искористи хранливите материи за околу 20 минути, а тоа е посебно изразено кога е земено на празен стомак. Неговиот состав изобилува со растворливи и нерастворливи растителни влакна кои овозможуваат здрав метаболизам со правилно и добро варење на храната кои се значајни фактори за витка линија, а способноста на јаболкото да го подобри производството на колаген ја чува нашата младост.

Рецептот го направивме во нашата кујна, а припаѓа во групата на хранливи и нискокалорични рецепти.

овошен пудинг без шеќер 2

Состојки:

  • 9 средно големи јаболка
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • 375 мл нискомаслено млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • по желба кокос за декорација.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и излупете ги јаболката, а потоа исчистете ги од средишниот дел со семки и ситно изрендајте ги.
  2. Така припремени ставете ги во сад на тивок оган да се варат, со цел водата убаво и да испари и да се оформи една природно слатка карамелизирана смеса од јаболка.
  3. Настрана разматете го пудингот со неколку лажици од млекото. Останатото млеко ставете го на оган за да зоврие, а потоа со постојано мешање и пополека додајте го разматениот пудинг.
  4. Откако пудингот убаво се згуснал и пред да завршите со неговата подготовка, додајте ги јаболката кои претходно преминале во карамелизирана смеса. Пред да ги додадете јаболката во садот со пудингот, прво додадете го екстрактот од ванила и убаво измешајте ги и на крај за да постигне хомогеност, кратко варете ја целата смеса заедно.
  5. Готовиот овошен пудинг без шеќер сервирајте го во мали стаклени садови и по желба декорирајте со кокос. На здравје!

Од една доза ќе добиете 6 порции, а секоја порција содржи 180 калории, од кои 44 % им припаѓаат на јаглените хидрати, 1% се масти и 3% од калориите се протеини.

Сподели: