Дали знаевте дека античките Римјани први почнале да ја користат маринадата за месо? Како маринада, тие користеле морска сол која била разредена со вода. Денес, се користат и разни зачини и зеленчуци по вкус, а придобивките од маринирањето се огромни. Подготовката на маринадата е едноставна, нема да ви одземе многу време, а ќе го направи ручекот многу повкусен. А ако не знаете како правилно да го маринирате свинското месо, издвојте неколку минути и прочитајте ги нашите совети кои сигурни сме дека ќе ви бидат од корист.
Маринадата се состои од кисели состојки како вино, пиво, оцет или лимонов сок. Потоа, неизоставен дел се маслото (маслиново или сончогледово по ваш избор), зачините и зеленчуците кои му даваат посебен вкус на месото. Благодарение на разновидните зачини и зеленчуци кои се користат за маринирање, месото добива нова нота на вкусови и ароми. Исто така, за маринирање може да се користат и различни видови на сосови како соја или ворчестер сос.

Еве како правилно да го маринирате свинското месо:
- Маринадата мора во целост да го прекрива парчето месо.
- Свинското месо може да се маринира од неколку часа до неколку дена, во зависност од големината на парчињата. За време на маринирањето, задолжително чувајте го месото во фрижидер.
- Бидејќи маринадата содржи кисела состојка, не треба да се користат реактивни контејнери како што се металните садови. Најдобро е да користите стаклени или пластични контејнери или најлонски зип кеси.
- Маринадата не треба повторно да се употребува за која било друга намена поради бактериите кои може да бидат присутни од контакт со сурово месо. Единствениот начин на кој маринадата може повторно да се употреби е да се свари и да се искористи како дел од некој сос за месото.
- Колку месото подолго се маринира, толку побрзо ќе се зготви. Дванаесет часовното маринирање го намалува времето за готвење за 30 до 35%.
Наша препорака:
Покрај маринирањето со разни зачини и зеленчуци, изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадењ. Од нашето позитивно искуство со квалитетно свежо месо може да ги препорачаме Агриа. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свежо свинско месо. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и уверете се во квалитетот на месото. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во и Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Ви препорачуваме да прочитате: Препорачани совети за подготовка на црвено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.