припремање на зелен чај

Како правилно да направите зелен чај?

Зелениот чај потекнува од Кина, каде што населението го консумирало пред 4000 илјади години. Претставува традиционален лек во Азија, а особено се консумира во Кина, Јапонија, Виетнам, Кореа и Тајланд, каде што најчесто луѓето го користат при температура, регулирање на шеќерот во крвта и подобрување на варењето на храната. Правилното припремање на зелен чај е од голема важност за да се зачуваат неговите лековити својства.

Во Кина постојат книги од петтиот век, каде што авторите ги опишале позитивните својства на зелениот чај, особено врз работата на срцето. Зелениот чај, белиот чај и црниот чај се добиваат од суви лисја на растението Camellia sinensis. Во зависност од начинот на подготовка и обработка на лисјата се добива различен чај. Денес зелениот чај е распространет низ целиот свет и се смета за еден од најздравите пијалоци.

приготвување на зелен чај

Правилно припремање на зелен чај

  1. За да направите една шолја чај, потребна ви е една мала лажичка со зелен чај (или една филтер кесичка).
  2. Во мал сад ставете 1 шолја вода да се загрее на 80 степени целзиусови. Внимавајте, водата не треба да зоврие. Доколку ви се случи водата да зоврие, оставете ја да се излади или додајте малку ладна вода.
  3. Зелениот чај потопете го со загреаната вода и оставете го чајот да стои во водата 2 до 3 минути. Садот со зелениот чај покријте го со мала чинија.

Важно е да се знае дека 2 шолји на ден се доволни за да се постигнат посакуваните ефекти за здравјето. Бидејќи содржи кофеин, консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето.

Ви предлагаме да прочитате: Зелен чај – на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци.

Сподели: