Како правилно се употребува микробрановата печка 1

Како правилно се употребува микробрановата печка?

Кога правилно се користи, микробрановата печка не остава штетни последици по здравјето на луѓето и на животната средина. Скоро секој од нас има дома микробранова печка, но дали знаеме да ја користиме најдобро што може?

Различни истражувачки институти во светот докажале дека зрачењето од микробрановата печка е незначајно. Се смета дека многу поопасен фактор е кога јадењето се загрева во микробрановата нерамномерно. Тоа е така, бидејќи може да доведе до опекотини, а и се создава погодна средина за развој на микроорганизмите. Поради тоа, течните јадења пред консумирање секогаш треба добро да се промешуваат. Додека оние во цврста состојба треба да се остават неколку минути за топлината да се распореди. Оптимално е јадењата да се загреваат во повеќе наврати, а во пократки интервали.

Како правилно се употребува микробрановата печка 2

Што не смее да се става во микробранова печка?

Лебот и сличните намирници кои со малку вода можат брзо да се скаменат во микробрановата. Останатите намирници со висок удел на вода во својот состав, на пример колбасите, често може да напукнат доколку вие претходно не ги издупчите на неколку места со виљушка или нож. Пилешко, јадења со јајца и мелено месо, најдобро е да ги загревата на шпоретот.

Какви садови треба да користиме?

Најдобро е стаклото, порцеланот или вештачките материјали направени специјално за во микробранова печка. При тоа, јадењата не треба да бидат покриени, а пакованите не смеат да бидат затворени, затоа што може да експлодираат.

Како се чисти микробранова рерна?

Во широк сад ставете вода и малку детергент за садови или киселина, па ставете го внатре за да зоврие. На тој начин, нечистотијата ќе омекни и лесно ќе можете да ја отстраните со крпа.

Ви препорачуваме да прочитате: Што може, а што не, да се користи во микробранова печка?

Сподели: