Маслиновото масло е состојка која се користи при готвење и служи како зачин за пасти и салати. За специфичното и доста осетливо маслиново масло е важно да знаете како правилно се чува за да не се расипи, па ви припремивме краток прирачник за таа цел.
Освен што треба да внимавате на рокот на производство, за кој подолу може да прочитате колку е важен, при купување треба да внимавате и на амбалажата на маслиновото масло која треба да е темна и да стои на соодветна полица додека е изложено. Ако имате можност, помирисајте го. За разлика од виното, маслиновото масло колку е попресно, толку е поквалитетно и подобро. За да умеете како да изберете квалитетно маслиново масло, кликнете тука и прочитајте за да знаете.

Следете ги следните неколку совети за чување на маслиново масло и ќе немате проблем со неговата исправност
- Маслиновото масло чувајте го на темно и ладно место. Топлината и светлината влијаат негативно на неговиот квалитет и придонесуваат за оксидација на маслото, па ако го држите на светло и топло место лесно може да се расипи.
- Препорачана температура за чување на маслиново масло е 14 степени. Доколку го сместите во темно шише кое не пропушта светлост, може да стои и на собна температура (до 21 степен), а исто така ќе има подолг рок на траење.
- Во однос на материјалот на садот за складирање, препорачлив е и нерѓосувачкиот челик како избор за амбалажа.
- Избегнувајте да го држите маслиновото масло во пластика, железни и бакарни садови, поради можни хемиски реакции од кои маслото може да ја измени својата состојба.
- Маслиновото масло со послаб квалитет е најдобро да се чува во фрижидер, иако ќе се замати кога е на собна температура повторно ќе се избистри. Квалитетното и екстрадевственото маслиново масло не е препорачливо да ги чувате во фрижидер, затоа што тие ќе изгубат на вкус.
- Квалитетните и екстра девствените маслинови масла имаат рок на траење од 1 година, додека оние со послаб квалитет траат само неколку месеци. Доколку се сомневате дека е исправно, ви предлагаме да направите украсна и миризлива свеќа.
- Чувајте го маслиновото масло во полица подалеку од радијатори и други топлотни тела.
- Подрум е идеално место за чување на маслиново масло.
Ако сте љубители на убавината и сакате да имате нежна и младешка кожа, ви препорачуваме да ја пробате лесната хранлива маска со маслиново масло против брчки околу очите.