Кој може да им одолее на вкусните канелони? – Тестенини полнети со месо, прелиени во сочен сос од домати и потпечени со кашкавал. Звучи мошне примамливо, зар не? – Вкусот ги освојува сите, од најмали до најстари. Доколку и вам ви закркоре стомакот додека го читавте овој краток опис на рецептот, тогаш одвојте малку време и подгответе вкусни канелони со мелено месо во доматен сос.
Од наведените состојки ќе добиете порции за 6 лица, но секако по потреба може да го прилагодите рецептот и да ги намалите или зголемите количините. Наш совет е да си подготвите поголема количина на канелони со мелено месо во доматен сос, затоа што ова јадење е вкусно и кога е ладно, а сигурни сме и дека ќе се бара порција повеќе.

Состојки:
- 500 г мешано мелено месо од Агриа
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 100 мл бело вино
- 1 лажичка оригано
- 12 -13 канелони
- 1 лажица путер
- 400 г сечкани домати од конзерва
- 1 лажица свежа мајчина душица
- 250 г кашкавал
- сол и црн пипер по вкус
- масло по потреба.
Подготовка:
- Во тава на загреано масло кратко запржете половина од сечканиот кромид додека стане стаклест и проѕирен, а потоа додајте го и сечканиот лук. По минута, додајте го меленото месо и пржете го додека порумени и почни да се дели.
- Запрженото месо зачинете го со оригано, сол и црн пипер по вкус. Додајте 50 мл бело вино и динстувајте додека испари. По потреба може да додадете и малку вода. Откако ќе испари цела течност и ќе добиете густ фил од месо, тргнете го од оган и оставете го да се излади.
- Во тавата во која се пржеше месото, растопете го путерот и запржете го преостанатиот ситно сечкан кромид додека омекне. Потоа додајте ги сечканите зачини (оригано и мајчина душица) и посолете по вкус. Добро измешајте и додајте ги сечканите домати и преостанатото бело вино. Сосот динстувајте го на тивок оган додека се поврзат сите вкусови.
- Садот во кој ќе ги редите канелоните прелијте го со половина од сосот од домати. Канелоните наполнете ги со филот од мелено месо и наредете ги во садот една до друга, при тоа оставајте малку место помеѓу нив.
- Вака наредените канелони прелијте ги со преостанатиот сос од домати и посипете ги со рендан кашкавал.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Готовите канелони декорирајте ги со листови свеж магдонос и послужете ги додека се топли со зелена салата. На здравје!
Наша препорака:
Што е потребно за да ги направите највкусните канелони? – Квалитетни намирници, време и љубов при готвењето. За да бидете сигурни дека ќе одберете свежо и квалитетно мелено месо, посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата. Зошто? – Затоа што месото е со врвен македонски квалитет и секогаш свежо. Квалитетот се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.