„Новогодишната бајка започна! Почнав со подготовки за трпезата и направив преубава торта. Се прашуваш каква торта да направиш за празниците? – Имам супер рецепт за касато торта! Чоколадна, без печење, брза и многу вкусна! Бисквити, крем банани, желе бонбони, чоколадо и рум за идеална слатка приказна.
А знаеш што е најдобро? Секој може да ја направи! Нема печење, може да се направи порано и да се замрзни, а ако ги следиш чекорите на видеото, гарантирам дека нема да има грешка.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.

Состојки:
- 400 г Vinccini бисквити
- 100 г желе бонбони Donia
- 100 г потпечени ореви
- 5 крем банани
- 400 мл млеко
- 200 г чоколадо за готвење
- 60 г путер или маргарин
- 1 лажица рум
- 100 г бело чоколадо за декорација.
Подготовка:
- Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња и ставете ги во длабок сад. Оревите крупно исечкајте ги или измелете ги.
- Крем бананите и желе бонбоните исечкајте ги.
- Чинијата или калапот за торта обложете го со најлонска хартија.
- Во тенџере на оган ставете ги млекото, чоколадото и путерот. Измешајте додека чоколадото се растопи. На крај, додајте го румот. Течноста додајте ја во садот со бисквитите, а потоа додајте ги оревите, желе бонбоните и крем бананите. Измешајте и ставете ја смесата во чинија и израмнете. Тортата ставете ја во фрижидер неколку часа. Потоа превртете ја врз чинија за служење.
- Белото чоколадо растопете го на пареа. Тортата декорирајте ја со растопено чоколадо и новогодишни мотиви. Подготовката погледнете ја на видеото.
Некој совет плус:
- Тортата може да се направи и во посна верзија. Користете Keksini посни бисквити, посно чоколадо, млекото заменето со растително млеко, крем бананите замени ги со поголема количина на желе и ореви.
Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи за празничната трпеза, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Мак Прогрес.