Често се нарекувани кралско овошје, а се смета дека на нашите простори овие златни плодови на сонцето ги донел Александар Македонски. Вкусните кајсии помагаат во одржувањето на здравиот вид, го подобруваат варењето на храната и сонот, одлични се за имунитетот и уште многу други функции на организмот.

Покрај привлечниот изглед и уште подобриот впечатлив вкус, кајсиите имаат значајни позитивни придобивки за нашето здравје:
- Кајсиите се одлични за здравјето на очите бидејќи содржат витамин А, кој го поддржува добриот и јасен вид.
- Полни се со витамин Ц и на тој начин го одржуваат силен имуниот систем.
- Кајсиите се одличен извор на растителни влакна кои му помагаат на дигестивниот систем беспрекорно да ја вари храната.
- Содржат ликопен, каротеноид значаен за здравјето на белите дробови и превенција од одредени видови на рак.
- Кајсиите содржат многу флавоноиди, фитинутриенти кои имаат антиоксидативна улога во организмот.
- Богати се со калиум што придонесува за здравјето на срцето.
- Тие се одличен извор на триптофан кој помага против несоница и овозможува подобар сон.
- Богатството од бета каротен во нивниот состав и помага на кожата да се заштити од штетното влијание на ултравиолетовите зраци.
- Кајсиите исто така помагаат против канцерогени промени, бидејќи му помагаат на организмот да ги отстрани штетните радикали.
- Погодни се за секојдневна исхрана и диети, нивната енергетската вредност е само 117 калории на 100 грама.
Кајсиите е најдобро да ги јадете свежи, а доколку не им е сезона ви препорачуваме да ги консумирате суви, а доколку ве интересира, прочитајте ги здравствените придобивки од сувите кајсии.