Козјото млеко во исхраната на човекот се користело многу одамна, а Старите Грци и Римјани пиеле козјо млеко затоа што верувале дека е многу здраво. Може да се каже дека козјото млеко е исклучително здраво, затоа што по својот состав е неверојатно слично со мајчиното млеко.
Нутритивни вредности на козјо млеко
Во 100 мл козјо млеко има 69 калории и 4 грама квалитетни протеини, масти, витамини и минерали. Гликемскиот индекс на козјото млеко изнесува 3, што дополнително ги подобрува нутритивните карактеристики. Масните киселини кои се наоѓаат во козјото млеко (капронска, каприлна и капринска) имаат позитивно влијание при интестинални проблеми, го намалуваат лошиот холестерол, превенираат појава на срцеви заболувања и ја зголемуваат енергијата.
Една чаша козјото млеко задоволува 33% од дневните потреби на организмот за калциум, кој е важен за одржување на цврстината и густината на коските. Калиумот кој е присутен во козјото млеко помага за одржување на нормалниот крвен притисок. Козјото млеко содржи повеќе селен во споредба со кравјото млеко, кој е моќен антиоксиданс и делува превентивно при канцер и болести на крвните садови.

Некои луѓе кои се алергични на кравјо млеко, можат да пијат козјо млеко. Тоа се должи на помалата застапеност на лактоаблумин – протеин кој во кравјото млеко го има во значително поголеми количини. Козјото млеко содржи помалку лактоза, така што лесно може да го консумираат лица кои се чувствителни кон лактозата. Според истражувањата само едно дете од стотина деца, кои се алергични на кравјо млеко, не го поднесува и козјото млеко.
Едно истражување кое имало за цел да го утврди влијанието на козјото млеко кај децата, утврдило дека децата кои се хранети со козјо млеко побрзо растат, имаат поголема телесна маса, подобра минерализација на коските во споредба со нивните врсници хранети со кравјо млеко. Покрај тоа забележано било дека количината на витаминот А, тиаминот, рибофлавинот, ниацинот и хемоглобинот биле на повисоко ниво.
Совет плус: Ако не ви е пријатен вкусот на козјото млеко, потрудете се да консумирате козјо сирење, маринирано во маслиново масло и босилек.