Помага за искористување на калциумот и фосфорот, пренос на нервни импулси, минерализација на коските, значаен е за правилна функција на имуниот, кардоваскуларниот, скелетниот и нервниот систем… Витаминот Д-3 има бројни придобивки за здравјето! Може да се внесе преку храната, а достапен е во форма на меки капсули и капки (маслен раствор). Кои се разликите меѓу нив и кои придобивки ги има витаминот Д-3 во капки? – Дознајте од нашето најново истражување.
За важноста на витаминот Д се знае уште одамна. Познато е дека изложувањето на сончевите зраци го поттикнува производството на витамин Д во организмот, поточно сонцето е најголем извор од кој го добиваме овој витамин. Постојат неколку типови на витамин Д. Еден од нив е и витаминот Д-3 или холекалциферол кој е витамин од животинско потекло, а настанува при изложување на сонце. Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Се разликува од останатите витамини по тоа што е единствениот витамин, кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во пре-витамин Д3, којшто понатаму се претвора во витамин Д3.

Витаминот Д-3 има бројни функции во организмот
Можеби досега не сте знаеле, но овој витамин е значаен за многубројни функции во телото. Помага за:
- апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот
- пренос на нервни импулси
- згрутчување на крвта
- ја помага правилната работа на имуниот, кардоваскуларниот, скелетниот и нервниот систем
- за нормална функција на мозокот и панкреасот и нормална минерализација на коските
- заедно со паратироидниот хормон и калцитонинот ја регулира серумската концентрација на калциум и фосфат.
Сонцето е извор на витамин Д-3
Изложувањето на сончеви зраци е потребно затоа што зраците делуваат како катализатор за синтеза на прекурсорите на витамин Д. За да се обезбеди потребната количина на овој витамин, доволно е сончање, поточно изложување на сонце на лицето и рацете 5 до 15 минути дневно (подолго изложување на сонце може да биде штетно). Со оглед на тоа што нашето тело природно го произведува витаминот Д-3 од сонцето, во зимските денови потребно е истиот да се надополни преку храна или суплементи. Додатокот во вид на капки се смета за најдобро решение во справувањето со недостатокот на овој витамин во организмот и ќе ви помогне да одржите нормално ниво на витамин Д-3.
Извори на витамин Д од храната:
- кравјо млеко
- козјо млеко
- ајдамер
- пармезан
- пилешки црн дроб
- свински црн дроб
- сардина во конзерва
- скуша
- туна
- жолчка од јајце
- печурки.
Витамин Д-3 во капки или во капсули? – Кои се разликите?
Витаминот Д-3 може да се најде во форма на капки или таблети кои ги обезбедуваат истите придобивки за здравјето. Придобивката за витаминот Д-3 во форма на капки е тоа што нема потреба да биде разложен и дигестиран, што е од голема полза за лица кои имаат ниско ниво на желудочна киселина која доведува до потешкотии во варењето на храната. Исто така се претпоставува дека течните суплементи имаат зголемена биорасположливост, што значи дека побрзо се апсорбираат во телото, со што во целост се искористуваат нивните придобивки.
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се произведува од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Количината на витамин Д-3 присутна во храната не секогаш може да ги задоволи дневните потреби за овој витамин. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата станува неопходна за да може организмот да ја добива соодветната количина.
Полесности од земањето на NOW® Vitamin D-3 капките:
- поздрава кожа и коса
- посилни коски
- подобра состојба на забите
- подобро расположение
- зголемена енергија и концентрација
- посилен имун систем.
NOW® Vitamin D-3 се препорачува на при:
- престој во затворени простории
- бременост
- лица со потемна кожа
- зголемена телесна тежина
- консумирање на лекови
- повозрасни лица.
Витаминот Д-3 во форма на капки е достапен и кај нас
Нашите пријатели Тримекс имаат 2 нови производи: Liquid Vitamin D-3 и Extra Strength Liquid Vitamin D-3. Разликата е во тоа што Liquid Vitamin D-3 има 400 IU (интернационални единици) во една капка, а Extra Strength Liquid Vitamin D-3 има 1000 IU во една капка. Овие два производи имаат и различен број на дози во едно пакување. Во зависност од потребата за овој витамин, може да го изберете производот кој има 527 дози (59 мл) или производот кој има 1071 доза (30мл). Може да ги нарачате на онлајн страницата на Тримекс со бесплатна достава, како и да ги набавите низ аптеките во ширум земјата.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Прекумерното ниво на витамин Д-3 може да доведе во хипервитаминоза
Телото користи количина која му е потребна, а остатокот се складира во телото. Поради тоа, можна е хипервитаминоза, па затоа не се препорачува користење на суплементи без консултација со лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 начини да го покачите нивото на витаминот Д.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.