Не можете да одолеете на слатките колачиња со овесни снегулки кои се продаваат во маркетите? Сега може да ги направите дома по испробан рецепт.
Невена е експерт за благи и вкусни специјалитети. Тоа го потврдува со овој фантастичен рецепт за колачиња со овесни снегулки, ореви и чоколадо. Вреди да се пробаат!

Состојки:
- 150 гр путер омекнат на собна температура
- 150 гр интегрално брашно
- 150 гр бело брашно
- 100 гр шеќер
- 1 лажица мед
- 1 ванилен шеќер или екстракт од ванила
- 1 јајце
- 70 гр овесни снегулки
- 70 гр чоколадни капки
- 40 гр ситно сецкани ореви
- 1 лажиче прашак за печиво
- прстофат сол.
Подготовка:
- Во сад за матење се ставаат путерот, јајцето, шеќерот, медот, ванилата. Се матат со миксер додека се добие кремаста смеса.
- Потоа се додаваат сите останати состојки и со рака се замесува тесто.
- Тестото се витка во најлонска фолија и се остава 30-на минути во фрижидер.
- Од тестото се делат мали парчиња и се прават колачи во вид на ќофтиња и се редат во плех обложен со хартија за печење.
- Колачињата се печат во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути.
- Печените колачиња со овесни снегулки се вадат од тавата и се оставаат да се изладат. Потоа се служат со чај или кафе. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за пиварки со ореви и кокос.