Во деновиве на променливо време, може да се каже и дека немаме постојана потреба да се криеме од штетното влијание на сончевите зраци. Но, добро е да сме навремено информирани за моментите кога ќе одиме на плажа или кога ќе имаме потреба од подолга изложеност на сонце. За да се појават изгореници од сонцето доволни се само 20 минути, зависно од типот на кожа и нејзината отпорност. Па, еве неколку корисни намирници и препораки од нас.
Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д. Тој го подобрува имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања како што се псоријаза и егзема. Сонцето влијае позитивно затоа што го активира телото да го ослободи хормонот на среќата (ендорфин) кој позитивно влијае на нашето расположение и хормонот мелатонин, кој овозможува подобар сон и подобар имунитет.

Листа на корисни намирници за летниот период
Цитрусни овошја
Состојките кои ги содржат цитрусните овошја се борат против УВ зраците кои предизвикуваат сончеви пеги, ја поправаат и зацврстуваат кожата, ги подобруваат структурните и функционалните оштетувања. Витаминот Ц во нивниот состав помага во формирањето и во синтезата на колагенот. Па, како први можеме да ви ги препорачаме лимон, грејпфрут и киви.
Моркови
Портокаловите зеленчуци и овошја содржат бета каротен кој ја штити кожата однатре. Посебно е важно оваа храна да се јаде пред почетокот на летото бидејќи така кожата ја подготвуваме за изложување на сонце. Морковите се богати и со витамин А кој ја поттикнува циркулација и се бори против сушењето на кожата.
Мешунки и јајца
Овие намирници се богати со витамини од Б групата кои го урамнотежуваат односот на есенцијални масни киселини (кои се едни од најважните структурни материјали на епидермот на кожата), а во исто време ја снабдуваат кожата со вода.
Домати
Доматите содржат витамин А и ликопен кој е силен антиоксиданс. Тој го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено.
Препорака плус: BioAstin е најмоќниот антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните УВ зраци
Затоа, штом сме на темата антиоксиданси, има нешто што вреди да споменеме. Природниот астаксантин – BioAstin е додаток во исхраната, кој помага на кожата да биде здрава за време на продолжена изложеност на сонце! Астаксантинот (BioAstinot) претставува храна, а многумина го користат како составен дел на здравата исхрана. Тој е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. УВ зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки, сува кожа, старосни дамки и пеги.
BioAstinot се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или пијалак кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks или на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето.
*Спонзориран текст.