Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето

Намирници за подобар тен и поубава кожа во лето

Сонцето и изложувањето на сончевите зраци имаат поволно влијание на организмот. Но, изгорениците од сонцето воопшто не изгледаат убаво, а имаат и штетни последици по здравјето. Па, дали може да ги превенираме изгорениците од сонце со исхраната и дали постои природен „заштитник“ од штетните УВ зраци? Освен со користење на масла и лосиони со заштитен фактор, за добивање на подобар тен и поубава кожа во лето, големо влијание има и исхраната. Направивме листа на најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во таа цел!

Зошто сончањето е корисно?

Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор што е од значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза. Го подига имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања како што се на пример псоријаза и егзема. Ултравиолетовите зраци го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин) кој влијае на нашето расположение, делува против депресија, а топлината создава чувство на пријатност. Со прошетките на сонце се стимулира производството на мелатонин, хормонот кој го регулира сонот, расположението и има позитивно влијание на имунитетот. Но, сé треба да биде умерено!

намирници за подобар тен

Негативни последици од прекумерното изложување на сонце

Предолгото и пречесто изложување на сончеви зраци предизвикува изгореници, сушење на кожата, појава на пеги, намален имунитет и во крајни случаи појава на карцином на кожата.

Што да се консумира за да се добие подобар тен?

За да се избегнат негативните последици од изложувањето на сонце, потребно е кожата да се подготви и „однатре” преку храна богата со витамини од Б групата, А, Ц и Е како и каротеноиди кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук и бобинкастото овошје. Постојат многу намирници кои треба да се вклучат во исхраната во летниот период, со што би изгледале и би се чувствувале подобро:

Доматите се извор на ликопен

Доматите содржат витамин А и ликопен кој е силен антиоксиданс. Ликопенот го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено.

Боровинките се богати со флавоноиди

Виолетовата боја на боровинките им ја даваат флавоноидите кои исто така го успоруваат стареењето.

Лимон, грејфрут и киви како природен извор на витамин Ц

Овие овошки се богати со витамин Ц кој помага во формирањето и синтезата на колаген. Состојките кои ги содржат се борат против УВ зраците кои предизвикуваат сончеви пеги, ја поправаат и зацврстуваат кожата, ги подобруваат структурните и функционалните оштетувања.

Може да ве интересира: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

BioAstin-от е најмоќниот антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните УВ зраци

Астаксантинот (BioAstinot) претставува храна, а многумина го користат како дел од здравата исхрана. Тој е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. УВ зраците предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки, сува кожа, старосни дамки и пеги.

.

BioAstinot се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или појалок кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин (BioAstin) е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

Мешунките и јајцата се добар извор на витамини Б

Овие намирници се богати со витамини од Б групата кои го урамнотежуваат односот на есенцијални масни киселини (едни од најважните структурни материјали на епидермот на кожата), а во исто време ја снабдуваат кожата со вода.

Морковите и лубеницата содржат витамин А

Морковите и лубеницата содржат витамин А кој ја поттикнува циркулација и се бори против сушењето на кожата, а морковот дополнително ги штити и очите.

Морковот, кајсиите и тиквата се извор на бета каротен

Портокаловите зеленчуци и овошја содржат бета каротен кој ја штити кожата однатре. Посебно е важно оваа храна да се јаде пред почетокот на летото бидејќи така кожата ја подготвуваме за изложување на сонце.

Магдoнос, житарици, морски плодови и лук

Овие намирници го успоруваат растегнување и опуштање на кожата.

Совети плус: Освен храната за заштита од сонце постојат и намирници кои го јакнат имунитетот како што се шитаке печурки, јогурт, зелен чај кои се важен извор на полифеноли – борци против слободните радикали кои ја оштетуваат ДНК и го забрзуваат стареењето на кожата. Многу важно е да се пие најмалку 2 литри вода на ден, затоа што кожата добива повеќе влажност, а телото се чисти.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.

*Комерцијален текст

Сподели: