Нешто што мора да направите оваа година за зимница се секако корнишони со копар и црн пипер! Малите краставички, зачинети со копар и црн пипер во зрно со екстра вкус! Крцкави, вкусни и без конзерванси.
Корнишоните се омилени на сите генерации и сите обожаваат да ги грицкаат во зимските денови. Па, сега е вистинскиот момент да ги подготвите, за потоа да може да уживате во нивниот освежувачки, кисел вкус преку целата година.
Состојки:
- 10-тина мали корнишони за една тегла
- сол
- шеќер
- концентрирана оцетна киселина (есенција)
- црн бибер во зрно од Витаминка
- гранчиња од сушен копар.
Подготовка:
- Корнишоните добро измијте ги и наредете ги во тегли.
- Во секоја тегла ставете 1 мала рамна лажичка сол, 1 мала рамна лажичка шеќер, 1 мала лажичка есенција, 5-6 зрна црн бибер од Витаминка и неколку гранчиња копар. Во теглите дополнете вода и затворете ги со капак.
- Вака подготвените тегли завиткајте ги хартија и наредете ги во големо тенџере на оган. Во тенџерето додајте вода за да ги покрие теглите. Откако ќе зоврие водата во тенџерето, варете уште 5 минути на тивок оган.
- Тенџерето тргнете го од огнот и оставете го да се излади за време од неколку часа, а најдобро е преку ноќ. Наредниот ден, теглите со корнишоните извадете ги, отстранете ја хартијата и наредете ги кон останатата зимница. Готовите корнишони со копар може да ги дегустирате веднаш. На здравје! Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашна лутенка со кечап – традиционален вкус на полесен начин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.