идеи за за св.валентин

Креативни идеи од храна за романтичен Св. Валентин

Празниците на љубовта Св. Валентин и виното Св. Трифун се приближуваат! Заљубените парови на 14-ти февруари ќе ја слават љубовта и романтиката. Ако и вие сте обземени од љубовната еуфорија, сигурно планирате на убав начин да го изненадите вашиот сакан. Еве неколку романтични идеи со чија помош ќе ја направите ноќта на 14-ти незаборавна.

Нема потреба да купувате скапи поклони, затоа што велат дека љубовта оди низ стомакот. Сега е моментот да почнете да експериментирате со храната и да бидете припремени за еден од најромантичните и најубавите денови во годината. Вашиот партнер ќе биде задоволен, а вие ќе заштедите. Еве ги нашите предлози:

идеи за Св. Валентин

Пригответе утрински љубовен појадок

Земете една виршла, расечете ја на половина и обликувајте ја во форма на срце. Ставете ја во чинија и на едниот крај нанесете кечап, кој исто така треба да биде во вид на срце.

Омилените компирчиња направете ги во форма на срце

Ако се одучите партнерот да го изненадите со ручек, тогаш земете 3 до 4 компири, излупете ги и со калап за срце, исечете ги. Компирите попрскајте ги со маслиново масло, додадете го омилениот зачин на партнерот и ставете ги да се печат. Едноставна и брза идеа, кој секој може да ја направи.

Направете романтична вечера со пица

Ако вашиот партнер обожава пица, тогаш сигурно нема да погрешите доколку специјално за него подготвите пица, која овој пат малку ќе биде по различна. Припремете тесто за пица, нанесете кечап, оригано, кашкавал, а на најгорната страна ставете парчиња салама или чајна, кои претходно сте ги исекле во вид на срце со помош на калап. Сигурно ќе го освоите негово срце!

Не заборавајте на омилените колачиња на вашиот партнер

За јадењето да биде совршено, на крајот партерот изненадете го со неговите омилени колачиња. Може да ги испечете во форма на срце или да додадете украси кои асоцираат на љубовта.

Земете по една чаша црвено вино и наздравете во име на вашата љубов.

Совет плус: Внесете дел од својата креативност во сè што подарувате. Подароците за Св. Валентин не треба да бидат скапи за да бидат запаметени. Важно е да бидат подарени со љубов.

Ви предлагаме да прочитате: Техника за виткање на салфетка во форма на срце.

Сподели: