Кремасти тестенини со тиквички 1

Кремасти тестенини со тиквички

Обожаваме рецепти со тиквички, а исто така обожаваме и кремасти тестенини. Затоа решивме двете наши омилени работи да ги споиме во еден рецепт и така ја добивме инспирацијата  за овие кремасти тестенини со тиквички. Кој може да им одолее? – Ние секако не!

Ако сте во подрага по брз, а вкусен рецепт вие сте на вистинското место. Овие шпагети се полн погодок со кој ќе ги воодушевите сите, па дури иако воопшто не знаете да готвите. Ви гарантираме вистинско кремасто, гурманско уживање, со малку вложени труд и време за готвење. Нешто што вреди да се проба!

Кремасти тестенини со тиквички 2

Состојки:

  • 400 г шпагети или други тестенини по ваш избор
  • 1 тиквичка со средна големина
  • половина чаша варен грашок
  • 2 чешниња лук
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • сол и црн пипер по вкус
  • рендан пармезан по потреба
  • босилек за украсување.

Подготовка:

  1. На тава на оган на загреано масло кратко запржете го лукот, додека испушти убава арома.
  2. Тиквичката пресечете ја по должина и со помош на специјална алатка извадете долгнавести ленти во форма на шпагети. Доколку немате ваква алатка, тиквичката може да ја исечете на кругови, коцки или било кои форми по ваша желба.
  3. Тиквичката кратко динстајте ја заедно со лукот додека омекни, па посолете и зачинете со црн пипер по вкус. Потоа, додајте ја павлаката за готвење и малку рендан пармезан.
  4. Грашокот кратко обарете го, колку да омекне.
  5. Во длабок сад сварете ги тестенините со малку сол. Откако ќе се сварат исцедете ги и помешајте ги со претходно подготвениот прелив од тиквички. Додајте го и обарениот грашок.
  6. Добро промешајте за да се соединат сите состојки со сосот.
  7. Послужете ги додека се топли и декорарајте со ливчиња свеж босилек. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Оргинален класичен рецепт за карбонара шпагети.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: