Оригинален класичен рецепт за карбонара шпагети 1

Оригинален класичен рецепт за карбонара шпагети

Веќе сме го спомнале италијанскиот готвач Gennaro Contaldo, кој направи вкусна „револуција“ кога станува збор за уживањето во тестенините или подобро речено шпагетите. Го создаде и освои светот со својот рецепт за карбонара шпагети!

Постојат различни варијации на истиот, а добро познатиот класичен рецепт е испробан и многу пофален и од добро познатиот на сите нас Џејми Оливер, кој важи за амбасадор на храната во светот, па знаеме дека нема промашување и слободно може да го пробаме!

Оригинален класичен рецепт за карбонара шпагети  2

Состојки:

  • 200 гр шпагети
  • 3 жолчки од од поголеми јајца (по можност од природно одгледана живина)
  • 40 гр рендан пармезан + за сервирање
  • 150 гр сланина или панцета
  • 1 чешне лук
  • екстра девствено маслиново масло
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Шпагетите варете ги во посолена вода која врие, додека станат малку меки, односно да бидат „ал денте“.
  2. Во меѓувреме, ставете ги жолчките од јајце во длабок сад и со помош на виљушка, убаво измешајте ги со пармезанот.
  3. Зачинете со црн пипер и повторно измешајте со виљушката.
  4. Сланината или панцетата исечкајте ја на ситни парчиња и малку запржете ја на тивок оган со 1 лажица масло. Тоа ќе му даде фантастичен вкус на јадењето.
  5. Лукот излупете го, па притиснете го со дланката и запржете го во малку масло околу 1 минута. Тоа направете го во истиот сад, заедно со панцетата, така што неа ќе и бидат доволни околу 4 минути за да стане крцкава и уште повкусна. Добро притиснете го лукот додека е во тавата за да испушти арома во сосот, а потоа отстранете го и тргнете ја тавата од огност. По желба може да го иситните и така да го запржите со сланината или панцетата и да го оставите во состав на јадењето.
  6. Додајте малку од водата во која се вареле шпагетите колку за да се оформи сосот (количината треба да биде доволна за шпагетите да бидат сјајни и добрро намачкани со сосот), зачинете со црн пипер, турете ги претходно измешаните јајца со пармезанот, па додајте ги и исцедените шпагети.
  7. Сервирајте со поросен рендан пармезан и уште малку црн пипер за декорација. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети карбонара по италијански рецепт.

Сподели: