Сега и вие може да уживате во оригиналниот вкус на познатите шпагети карбонара по рецепт на познатиот италијански готвач Gennaro Contaldo.
Карбонара е познато италијанско јадење со тестенини кое потекнува од Рим, а се припрема со јајца, овчо сирење или пармезан, сланина и црн пипер. Најчесто се служи со шпагети, но може да се послужи и со останатите тестенини како макарони и таглиатели. Ова светски познато јадење е креирано во средината на 20-иот век.

Состојки:
- 100 грама панцета или сланина
- 50 грама овчки кашкавал
- 50 грама пармезан
- 3 големи јајца
- 350 грама шпагети
- 2 чешниња лук по желба
- 50 грама путер
- сол и свежо мелен црн пипер.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете вода да се вари.
- Ситно исечкајте ја сланината. Овчото ситење и пармезанот ситно изрендајте ги, а потоа измешајте ги. Во длабок сад изматете ги јајцата и зачинете ги со мелен црн пипер.
- Во тенџерето со зовриена вода додајте ги шпагетите и една мала лажичка сол. Штом водата ќе започни да врие повторно, тенџерето покријте го со капак и варете ги шпагетите за време од 10 минути на средна температура.
- Чешнињата лук нежно згмечете ги со помош на толчник. Додека се варат шпагетите, во длабока тава или вок тава на оган ставете го путерот да се загрее. Штом путерот ќе се растопи во тавата додајте ги лукот и исечканата сланина.
- Пржете ги на средна температура за време од околу 5 минути со често мешање, дека сланината добие златеста боја и стане крцкава. Потоа, чешнињата лук извадете ги од тава и намалете ја температурата на најниско.
- Поголемата количина од сирењата измешајте ги со јајцата, а мал дел оставете за наросување врз приготвените шпагети карбонара.
- Штом шпагетите ќе се сварат, исцедете ги и ставете ги во тавата со сланината.
- Тавата со шпагети и сланина тргнете ја од оган. Брзо ставете ги јајцата и сирење во тавата со шпагети и измешајте ги убаво со помош на долга виљушка. Во садот со шпагети и јајца додајте од водата во која се вареа шпагетите за да се добие кремаст сос. По потреба зачинете со малку сол.
- Со помош на долга виљушка сервирајте ги топлите шпагети карбонара на чинија. Врз шпагетите додајте од преостанатото сирење и наросете со мелен црн пипер. Послужете ги додека се топли. На здравје!