Идеални и уникатни сензации при дегустација. Пробајте ја оваа крем салата со пилешко месо која навистина има вкус кој ќе остави впечаток на вашите сетила, а одлично се вклопува на секоја трпеза.

Состојки:
- 400 гр цвекло
- 500 гр пилешко месо
- 100 мл мајонез
- 200 гр кисела павлака
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче црн пипер
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 и 1/2 лажица маслиново масло
- 1 лажица винска киселина.
Подготовка:
- Во тенџере на оган, ставете го пилешкото месо и додајте вода. Оставете го пилешкото месо да се вари.
- За тоа време, излупете го цвеклото, исечете го на покрупни парчиња. Цвеклото, исто така ставете го во тенџере со вода, на средна температура да се вари.
- Вареното пилешко месо, ставете го блендер и добро измиксирајте додека добиете ситни парчиња. Ако немате блендер, ситно исечкајте го месото. Сечканото пилешкото месо ставете го во длабок сад.
- Вареното цвекло ставете го блендер и добро измиксирајте го. Цвеклото ставете го во садот со пилешко месо.
- Во длабокиот сад додајте го мајонезот, киселата павлака, солта, црниот пипер, мешаниот зачин, маслиновото масло и киселината. Состојките во садот измешајте ги убаво, а по потреба додадете сол.
- Кој сака по желба, можи да додаде и малку магдонос. Приготвената крем салата со пилешко месо и цвекло послужете ја веднаш.
На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Егзотична салата со пилешко месо и пченка.