Направете си крем супа од компири и уживајте во вкусот додека е топла. Извонреден е!

Состојки:
- 500 гр компири (3 средно големи компири)
- 200 гр кромид (2 главици кромид)
- 150 гр моркови (2 средно големи моркови)
- 1 коцка за супа
- 100 мл кисела павлака
- 1 лажица масло
- листови магдонос
- сол и црн пипер.
Подготовка:
- Најпрво измијте ги и излупете ги компирите, морковите и кромидот, а потоа ситно исечкајте ги.
- Ставете ги во тенџере на оган, додајте 1,5 литри ладна вода.
- Додајте лажица масло и коцка за супа, а потоа оставете да зоврие.
- Откако ќе зоврие, за време на варењето температурата треба да биде умерена и садот треба да биде полузатворен. Се вари додека зеленчук потполно омекне.
- Исцедете го зеленчукот и со додаток на малку течност од онаа во која се вареше, смесата изблендирајте ја.
- Потоа, соединете ги изблендираната смеса и супата во тенчерето, измешајте и ставете повторно на оган да се вари.
- Додајте сол и црн пипер по вкус, а по желба и неколку ливчиња сечкан магдонос.
- Тргнете го садот од огнот, додајте ја киселата павлака и убаво измешајте. Затворете го садот и оставете да постои 5 минути.
- Се служи топло, а може да декорирате со гранче магдонос и малку црн пипер.
На здравје!