Кус кус со пилешко месо, брокула и боранија

Кус кус со пилешко месо, брокула и боранија

Ако сте во потрага во брз, едноставен, но многу вкусен рецепт, ви предлагаме да направите кус кус со пилешко, брокула и боранија. Овој супер ручек ни доаѓа од кујната на Катерина, а штом го прочитате рецептот ќе бидете сигурни дека тоа е баш како за вас!

Веќе споменавме дека подготовката е едноставна, па само неполн час ве дели од богатото јадење кое не може да се најде ни во рестораните. Пригответе го и уживајте!

кус кус со пилешко месо

Состојки:

  • 160 гр кус кус
  • 260 мл пилешки бујон
  • 2 парчиња кара батак
  • ½ главица брокула
  • 20-25 парчиња зелена боранија
  • по потреба сол и масло.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете го пилешкото месо и додајте вода. Оставете го месото да се вари.
  2. Вареното месо одделете го од коската и искинете го на помали парчиња.
  3. Кус кусот ставете го во тенџере. Во тенџерето додајте 260мл топла вода во која се варело месото и измешајте. Покријте го тенџерето со капак и оставете да отстои 10 минути.
  4. За тоа време, во тава на оган ставете ја брокулата исечена на помали цветови и сечканата боранија.
  5. Налејте од водата во која се варело месото и на средна температура динстајте ги додека малку подомекнат. При крај додајте малку масло и парчињата месо. Сосема кратко подзапржете и додајте го кус кусот.
  6. Посолете, измешајте убаво и послужете го топлиот кус кус со пилешко месо. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Редена кус кус салата со варени јајца.

Сподели: