Поради неговите хранливи состојки и нутритивни вредности, ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти. Има големата содржина на витамин Е – до 45 милиграми во 100 грама производ. А, одлично е и што ги содржи во поголема мера и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, затоа што самиот не може да ги синтетизира.
Ладно цеденото масло од репка или канола масло се добива од црното семе на растението репка – Brassica napus, кое произведува сончево жолти цветови на пролет.
Сигурно ќе ве интересира: Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?
Главни здравствени придобивки на ладно цеденото масло од маслодајна репка
Ладно цеденото масло од маслодајна репка го зајакнува имунолошкиот систем, го обезбедува телото со енергија и помага за превенција од канцер. Овие придобивки се благодарение на неговиот состав, кој е богат и многу корисен за организмот.
Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант, а ова масло го има во голема колична. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на сериозни заболувања како што се срцевите болести и канцер. Витаминот Е му помага на телото во создавањето на црвени крвни клетки, овозможува подобро искористување на витаминот К, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми. Исто така, тој е значаен витамин кој му помага на телото во борбата со канцерогените, срцевите заболувања и инфекциите. А, една од функциите на витаминот Е е да го регулира нивото на витаминот А во телото.
Значајна карактеристика на ладно цеденото масло од маслодајна репка е тоа што има поголема количина на омега 3 масни киселини отколку било кое друго масло. Омега 3 масните киселини го намалуваат нивото на холестерол, помагаат при воспаленија и играат голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот.
Маслото од репка содржи омега 6 масни киселини кои помагаат во намалување на нивото на холестеролот во крвта, во одржувањето на здравјето на косата, ноктите и кожата, како и во подобрување на имунолошкиот систем.
Исто така ова здраво масло, содржи и омега 9 масни киселини, кои помагаат во развојот на мозокот кај неродените деца и имаат клучна улога во подобрување на имунитетот. Освен тоа, важни се за превенција за канцер.
Научно е докажано дека рамнотежата на омега 3, 6 и 9 масните киселини, има многу здраствени придобивки за човечкото тело, како што е намалување на нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести.
Примена
Ладно цеденото масло од маслодајна репка има голема примена во кулинарството. Ова масло како и ладно цеденото сончогледово масло, се погодни за секаков вид на готвење, пржење, печење, итн., а тоа се должи на високата точка на загревање на овие масла.
Освен во кулинарството, се применува во разни козметички производи на природна база, а одлично е и за домашна нега.
Ладно цеденото масло од маслодајна репка го набавуваме од Фила, а супер е што го имаат во различни паковања, од 500 мл и од 1000 мл, па зависно од потребата може да се избере. Често пати го нарачуваме преку онлајн продавницата на Фила, а може да го најдете и во поголемите маркети. Вкусот е одличен и нема изразен мирис, пробајте го, нема да се каете!
Ви препорачуваме да прочитате: Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?