Кајсиите се користат како свежо овошје, но и за приготвување на компоти, мармалади, сокови, како суво овошје, овошни желеа, бренди, ликери, а една од поинтересните и понесекојдневни употреби е за производство на ладно цедено масло од кајсија. Ова масло претставува вистинска природна помош за здрав организам, убава кожа и здрава коса. Во овој текст ќе се запознаеме на кратко со сите негови придобивки.
При процесот на ладно цедење, семката од кајсија ги задржува своите природни состојки и природни карактеристики, при што се добива светло жолто масло со карактеристичен мирис и вкус. Ладно цеденото масло од кајсија поседува богати биолошки карактеристики, а е наменето е во главно за пиење и нанесување надворешно во склоп на третмани за кожата и косата.

Какво е нутритивното значење на ладно цеденото масло од кајсија?
Кога се консумира маслото од кајсија, човечкото тело прима незаситени масни киселини кои вршат неутрализација на активноста на токсичните супстанции.Тоа е богато со незаситени масни киселини, особено олеинска (60%) и со линолна киселина (25%) која е од суштинско значење за телото.
Освен тоа содржи и многу минерали, витамините А, Ц, К , Е, Б17, кои се пак од витално значење за нашата кожа и кога се нанесува надворешно нивниот ефект е значајно видлив. Особено е богато со витаминот Б17, кој посебно се смета превентивен и спречува различни видови на тумор.
Листата на здравствените придобивки е подолга, а ние како најзначајни ги издвојуваме следните:
- Го подобрува варењето и метаболизмот
- Помага при треска
- Помага при кожни заболувања
- Помага за спречување на рак
- Корисно е за третирање на анемија
- Придонесува за лекување затегнати мускули и рани,
- Има способност за подобрување на здравјето на срцето
- Помага во намалување на нивото на холестерол
- Спречува влошување на видот
- Помага за слабеење
- Помага при третирање на респираторни проблеми
- Придонесува за зајакнување на цврстината на коските
- Помага за одржување на електролитниот баланс во организмот.
Како може да се користи надворешно?
Ладно цеденото масло од кајсија се користи како маска за нега на лицето и хидратација на кожата. Има примена во правењето на масажи и совршено се апсорбира во кожата без да предизвикува алергиски реакции, дури и на чувствителна кожа.
За нега на косата, нејзиното здравје и сјај придонесува бидејќи:
- Богато е со витамини и масни киселини кои ја чуваат косата здрава, сјајна и хидрирана
- Го намалува воспалението на скалпот и превенира паѓање на косата
- Ги храни фоликулите засебно, а може да се комбинира и со други масла.
Најважни придобивки за здравјето на кожата се:
- Го превенира стареењето
- Ја прави кожата мека и мазна
- Ја подмладува и хидрира зрелата кожа
- Помага при псоријаза, егзема, розацеа и третиање на лузни.
Напомена: Ова масло не се препорачува за мали деца и бебиња. Бремените жени се должни да се консултираат со лекар пред да го користат.

Препорака за крај:
Ако сакате да си набавите ладно цедено масло од горка кајсија, посетете ја онлајн продавницата на Фила или сите подобро снабдени маркети и продавници за здрава храна.
Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од горка кајсија против воспаленија и за добро здравје.
*Текстот е овозможен од Фила.