Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа 1

Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа

Со природните масла можете да третирате голем број проблематични состојби на кожата, од акни, па до бори. Негата на лицето може да биде забавна активност дома, а убавината во природното, големо уживање. Знаете ли дека домашната нега со ладно цедено сусамово масло е корисна за неутрализација на слободните радикали, а и за нега на кожата? Еве како е тоа можно!

Иако за многумина ставањето на масло на лицето може да делува малку одбивно, многу експерти потврдиле со докази дека природните третмани со масла можат да бидат од голема корист за нежна, сјајна и затегната кожа. Тие содржат потполно природни витамини, антиоксиданси и есенцијални масни киселини и тоа во голема мера.

Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа 2

Маслата имаат способност да спречат првут, да ја хидратизираат кожата и да го отстранат себумот кој ги зачепува порите, а посебно се препорачливи за оние кои имаат чувствителна кожа. Кога купувате масла за нега на кожата секогаш давајте предност на оние кои се од органско потекло, како и ладно цедените масла кои се произведени со природен процес на пресување, без конзерванси и алкохол или згуснувачи кои се среќаваат во скоро сите лосиони. Како добар бренд за да набавите масло со ваков квалитет е Фила. Тие произведуваат масла на природен начин и со технологија на ладно цедење – пресување и потврдено се разликуваат од рафинираните производи.

Може да ве интересира: Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?

Зошто баш ладно цедено сусамово масло?

Сусамовото масло е составен дел на ајуверската медицина и тоа илјадници години наназад. Се користи за време на релаксирачки масажи и за кожа која е чувствителна, затоа што е многу богато со витамини и минерали.

Сусамовото масло се состои од молекули кои ги привлекуваат токсините и помагаат за нивно отстранување од организмот. Истражувањата покажале дека кога ќе се нанесе на кожата, ова ладно цедено сусамово масло ги неутрализира слободните радикали, кои придонесуваат за различни оштетувања на кожата. Како што спомнавме и погоре, го купуваме од Фила, од поголемите маркети, во продавниците за здрава храна или можете да го купите преку нивната веб продавница ако кликнете на линков. Паковањето е мало и компактно, од 250 мл и лесно ќе го препознаете. Повеќе за ладно цеденото сусамово масло може да прочитате тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Сподели: