Лесен рецепт за медени срца со мармалад 1

Лесен рецепт за медени срца со мармалад

Во месецот на љубовта и виното, со љубов ви подготвивме лесен рецепт за медени срца со мармалад! Овие колачиња се прават брзо и лесно, па ќе може да ги подготват и оние кои сè уште немаат многу искуство во кујната. Вкусни се и декоративни, па сигурно ќе бидат пријатно изненадување на кој и да ги подарите!

Всушност, овој месец не ни може да се замисли без добро вино и вкусно чоколадо. Оваа година наместо да купувате скапи подароци, замесете вкусни медени чоколадни колачиња и подарете нешто домашно и подготвено со љубов. Без разлика за која и варијанта на прослава да се одлучите, ви предлагаме да ги пробате баш вкусниве чоколадни медени колачи со вашиот сакан/а или пријателите со чаша добро вино. Еве го и рецептот.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша ливадски мед
  • 2/3 чаша масло
  • 2 лажички цимет
  • 1 лажичка киселина
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • околу 3 чаши брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 см рендан корен од ѓумбир

Прилог за сервирање и/или лепење:

  • мармалад по желба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење изматете ги јајцата, ванилиниот шеќер и шеќерот.
  2. Потоа, во садот додајте ги медот, циметот, ренданиот ѓумбир и маслото.
  3. Внимателно промешајте ги киселината со содата бикарбона.
  4. Во брашното додајте го прашокот за печиво.
  5. Така припремените состојки добро измешајте ги и замесете меко, но добро споено тесто.
  6. Тестото развлечете го во кора со дебелина од 5 мм. Од кората со помош на калапи во облик на срце вадете форми.
  7. Колачињата во форма на срце наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
  8. Печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 15 минути.
  9. Оставете ги да се изладат, а по желба залепете ги со мармалад или послужете во чинија како прилог мармалад по желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни мини тарт колачи со џем.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: