Лесно отворање на вакумирана тегла за 5 секунди

Лесно отворање на вакумирана тегла за 5 секунди

Дали сте помислиле дека скоро невозможното отворање на вакумирана тегла може да го постигнете многу брзо и лесно? Има еден трик кој откако ќе го пробате постојано ќе го практикувате и отворањето на теглите со слатко, мармалад, зимници и секоја вакумирана храна ќе ви биде забавна и интересна активност во кујна.

Веќе нема да се мачите и да вложувате труд при отворањето на вакумираните тегли со џем, кисели краставички и ајвар, затоа што за тоа не е неопходна сила, туку е потребно малку знаење и примена на овој трик кој се изведува многу лесно и за само 5 секунди. Заборавете на крпите како помош за вртење на капакот при отворањето. Ние дома имавме испробано трик со остар нож, со помош на кој само малку и внимателно се поткрева капакот, за да влезе воздухот во теглата што е клучот за отворање на вакумирана тегла. Но, бидејќи овој трик не е доволно безбеден, ви препорачуваме друг, а подеднакво ефикасен.

Потребен ви е само еден прибор за јадење, а може и само нож, за да може да влезе малку воздух во теглата. Со задниот дел на ножот чукнете малку по работ на теглата која треба да ја држите добро со другата рака.  Завртете ја теглата за 90 степени и повторете ја постапката. Едноставно и лесно, нели?

Ви препорачуваме да прочитате како најлесно да ги исчистите трагите од заостанат лепак од етикета.

Сподели: