Летна мусака од тиквичка и модар патлиџан 1

Летна мусака од тиквичка и модар патлиџан

За топлите денови, имаме совршен предлог! Време е за свеж, сочен вкус на летна мусака од тиквичка и модар патлиџан!

Летниот период изобилува со вкусни и здрави зеленчуци, па е голема инспирација за подготовка на вкусни јадења. Топла препорака да го пробате ова јадење пријатели.

Летна мусака од тиквичка и модар патлиџан 2

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 2 јајца
  • 4-5 лажици брашно
  • 100 г лебни трошки

За фил:

  • 300 г мелено месо од Агриа
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • масло по потреба
  • прстофат ситна црвена пипер
  • мешан зачин по потреба

За прелив и декорација:

  • 2 јајца
  • 200 мл павлака
  • рендан кашкавал по потреба
  • тенки кругови од црвен домат
  • магдонос по желба.

Подготовка:

  1. Прво припремете ги тиквичката и модриот патлиџан. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на кругови. Mалку посолете ги и оставете ги околу 30 минути да отстојат, за да ја испуштат водата.
  2. Во меѓувреме припремете го филот. Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Кромидот исто така излупете го и исечкајте го на ситни коцки.
  3. На оган ставете тава со малку масло да се загрее. Штом маслото добро се загреало, прво ставете го претходно припремениот лук малку да се пропржи со постојано мешање.
  4. Откако ќе пушти ароматичен мирис или по 1-2 минути, додајте го и кромидот. Може да додадете и малку вода.
  5. Повремено мешајте, а откако кромидот ќе се запржи, во тавата додајте го и меленото месо и пржете ги заедно.
  6. Зачинете со црн пипер, малку сол, мешан зачин и прстофат ситна црвена пипер. Тавата со готовиот фил тргнете ја од огнот.
  7. Во сад изматете ги јајцата, а во одделни садови припремете ги и брашното и лебните трошки.
  8. Секој од круговите тиквичка и модар патлиџан извалкајте го прво во брашно, па во јајце, па во лебни трошки и редете ги како и за обична мусака во тава, наизменично, парче тиквичка, па парче модар патлиџан. По желба, тавата може да ја обложите со хартија за печење.
  9. Откако сте наредиле еден ред на основата, распоредете го филот. Наредете уште еден ред тиквичка и модар патлиџан припремени на истиот начин.
  10. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути.
  11. За тоа време припремете го преливот. Во сад изматете ги јајцата со помош на виљушка, па додајте го и изренданиот кашкавал во количина по желба.
  12. Откако поминале 20 минути од печењето, додајте го преливот од горе, декорирајте со тенки кругови од црвен домат и печете уште 20 минути, или додека убаво зарумени, зависно од рерната. Најдобро е кога е топло, на здравје!
мини бургери

Совети плус:

  • По желба може да вметнете и млади компири како состојка во мусаката, а ако има потреба лесно е да ги зголемите количините на состојките.
  • За најдобар вкус, препорачуваме да користите свежо мелено месо, кое може да го набавите од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: