Често пати, сакаме да погледнеме различни рецепти за едно исто јадење или слатка креација. Па, еве уште еден кој може да ја збогати вашата празнична трпеза и кој може да даде дополнителна топлина. Вкусна лисната Божиќна елка е одлична идеја, па уште кога е со крем, кој може да одолее!
Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и освен што добро изгледа, знаеме дека е одличен!

Состојки:
- 500 г готово лиснато тесто (замрзнато)
- 3-4 лажици чоколаден крем
- 100 г сечкани бадеми
- 1 јајце за премачкување.
За посипување:
- шеќер во прав.
Подготовка:
- Лиснатото тесто треба да одмрзне, но не целосно.
- Со помош на сукало истенчете го и од него исечете два триаголници со мало стебло.
- За да ви биде полесно, припремете ја тавата за печење така што ќе ја обложите со хартија, а потоа директно во неа оформете ја елката.
- Ставете го прво едниот триаголник со стебло.
- Премачкајте ја неговата површина со чоколадниот крем, а потоа одозгора ставете го другиот триаголник.
- Засечете ги краевите од двете страни, на ширина од 1 см, а при тоа внимавајте средината да остане цела.
- Лентичките кои ги добивте, завртете ги во спирали.
- Ос краевите, односно тестото кое ви останало, исечете ѕвезди и ставете ги на врвот на елката. Залепете ги со помош на ладна вода или малку изматено јајце.
- На крајот, премачкајте ја целата горна површина на елката со матеното јајце и по желба посипете со бадемите.
- Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Пред служење, посипете со шеќер во прав. Среќни празници!
Ви препорачуваме да прочитате: Елка со нутела – декоративна пита.