Додадете ѝ на вашата велигденска трпеза празничен допир и послужете ги овие лиснати морковчиња полнети со крем салата од јајца!
Подготовката е многу забавна и во неа може да ужива целото семејство. Рецептот го најдовме на Инстаграм профилот на @sika_spices и со радост го споделуваме со вас.
Состојки:
За морковчињата:
- кора од лиснато тесто (има во подобро снабдените маркети)
- јајце за премачкување
- 1 лажичка мелена слатка црвена пиперка.
За крем салатата од јајца:
- 2 средно големи варени компири
- 3 варени јајца
- 50 г фета сирење
- 250 г крем сирење
- 2 лажици мајонез
- 1 лажица шарена сол Сика (блага или лута по ваш вкус)
- сол и црн пипер по вкус
За украсување:
- свеж копар или магдонос по потреба.
Подготовка:
- За да ги направите лиснатите морковчиња, потребни ви се конусни калапчиња за печење. А доколку немате, сами направете од алуминиумска фолија.
- Кората од лиснато тесто ја расекуваме на ленти со ширина околу 2 см и должина околу 30 см. Ги обвиткуваме калапчињата и ги ставаме на хартија за печење со шпицестиот крај нагоре.
- Од горе ги премачкуваме со разматено јајце во кое сме додале 1 лажичка црвен пипер. Печиме во загреана рерна на 200 степени, за време од 15-20 минути. Кората која ја употребивме за овој рецепт беше 275 г и од неа излегоа 10 морковчиња.
- Подгответе ја салатата за полнење. Варените компири, варените јајцата и сирењето изрендајте ги, а потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Украсете со свеж копар или магдонос. Среќни празници!
Совет плус:
Морковите од лиснато тесто најдобро е да ги наполните пред служење.
Наша препорака:
Ако ви се допаѓа рецептот, погледнете ја веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате и: Макало од сушени пиперки и компири.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.