Ви треба нова идеја за појадок? Брза, а едноставна? Пробајте го рецептот за вкусните лиснати полжавчиња со тиквички кој ни доаѓа од кујната на Лана.
Ние секогаш сме во потрага по нови рецепти и дегустација на нови јадења. Зошто да е досадно во кујната, кога може да биде интересно? Секој ден нека е нов предизвик. А ако сте љубител на тиквички ви предлагаме да ги погледнте 9-те испробани рецепти со тиквички.

Состојки:
- 250 г лиснато тесто
- 2 помали тиквички
- 100 грама шунка или сланина
- 100 грама кашкавал.
Подготовка:
- Лиснатото тесто исучете го во форма на правоаголна кора и исечете го на траки со ширина од 5 см.
- Шунката и тиквичките исто така исечете ги на тенки ленти.
- Кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето.
- На секоја лента од тестото ставете парче тиквичка, потоа сланина или шунка, а на горната страна распоредете рендан кашкавал.
- Лентата завиткајте ја во ролна и ставете ја во поголема (дупла) хартиена корпица или во калап за мафини.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути. Готовите лиснати полжавчиња со тиквички послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Солена лисната пита со фил.