Пита со тиквички и мелено месо

Пита со тиквички и мелено месо

Сезоната на тиквички сѐ уште не е завршена, па искористете ја и направете го овој интересен и креативен рецепт! Тиквичките се одлични во разни јадења и салати, а нашиот денешен предлог е превкусна пита со тиквички и мелено месо! – Па кој е за?

Не само што е вкусна, туку е и декоративна, па сигурни сме дека ќе сакате да ја направите пак. За подготовка на питата, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. А за да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња.

Пита со тиквички и мелено месо

Состојки:

За тесто:

  • 280 г брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 20 г шеќер
  • 150 г бело кравјо сирење
  • 60 г стопен путер
  • 1 јајце
  • сол и црн пипер по вкус
  • прстофат морско оревче.

За фил:

  • 400 г мешано мелено месо од Агриа
  • 2 средно големи тиквички
  • малку маслиново масло
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • малку магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажичка мелена црвена пипер.

За прелив:

  • 250 г кисела павлака
  • 125 мл течна слатка павлака
  • 3 лажици густин
  • 3 јајца
  • сол и црн пипер по вкус.

Предлози за декорација:

  • шери домати
  • свеж коријандер или магдонос, босилек или мајчина душица, што ви е мерак тоа.

Подготовка:

  1. За тестото, ставете ги сите состојки во сад измешајте и со месење со раце или со миксер, направете мазно тесто. Расукајте го тестото во круг со пречник од 30 cm. Ставете го во тркалезна тава или калап, претходно премачкан/а со масло и набрашнет/а.
  2. За филот, тиквичките исечкајте ги на тенки кругови. Кратко обарете ги ги во посолена вода и измијте ги со ладна вода. Тргнете ги настрана.
  3. На загреаното масло кратко пропржете ги кромидот и лукот. Додајте го меленото месо и оставете да се динстува. Додајте ги зачините и измешајте.
  4. Врз тестото, освен по неколку см по работ кои потоа треба да ги завиткате, редете од претходно припремените кругови од тиквичките така што же оставате по малку простор измеѓу, па од филот и повторувајте ја постапката додека ги потрошите намирниците, но да завршите со слој од тиквички одозгора.
  5. За преливот, во сад измешајте ги сите состојки и прелијте го одозгора. Вака подготвената пита ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 170°C околу 45-50 минути.
  6. Потоа, оставете ја питата во отворена рерна уште 10 минути и послужете ја. На здравје!
пита со тиквички и мелено месо

Ви препорачуваме да прочитате: Лења пита со мелено месо – без месење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: