Лења пита со мелено месо

Лења пита со мелено месо – без месење

Лесно и брзо до вистински специјалитет! Едноставен рецепт за лења пита со мелено месо којаможе да ја направи секој. Идеална за ручек или вечера и со лесна подготовка без месење, а може да ја послужите со чаша јогурт или салата по избор.

Супер рецепт за сите љубители на пити кои се прават без мака. Оваа вкусна лења пита со мелено месо ќе сакате да ја пробате уште денес.

Лења пита со мелено месо

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 4 чаши брашно
  • 1 чаша масло
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • сол по вкус.

За фил:

За прелив:

  • 2 јајца
  • 1 чаша кисела павлака.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го да омекне. Додајте го мелено месо, зачините и кратко пропржете ги.
  2. Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте ги јогуртот и маслото. Потоа, додајте ги брашното, прашокот за печиво и сол по вкус.
  3. Добиената смеса ставете ја во тава за печење претходно премачкана со малку масло. Врз смесата нанесете го филот од мелено месо.
  4. Во сад изматете ги јајцата и павлаката. Добиениот прелив ставете го врз меленото месо и убаво распоредете го.
  5. Ставете ја тавата во претходно загреана рерна на 220 степени и печете околу 30 минути.
  6. Готовата пита декорирајте ја со свеж магдонос по желба и послужете ја додека е топла. На здравје!

Наша препорака:

Дали знаеш која е тајната за подготовка на оваа вкусна лења пита? – Тајната се крие во квалитетот на меленото месо. Затоа го препорачуваме свежото мелено месо од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес). Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

пита со мелено месо

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: