Солена лисната пита со фил 1

Солена лисната пита со фил

Сочно предјадење или лесен оброк! Катерина ни предлага нов вкус на солена лисната пита со фил од компири и сирење, кашкавал… Воопшто не е сложен рецептов, може да го направи секој, а состојките се едноставни исто така. Да ја пробаме во друштво на домашните или пријателите!

Може да ве интересира: Лесна солена пита од бајат леб и тиквички.

Солена лисната пита со фил 2

Состојки:

  • 250 гр готово лиснато тесто

За полнење:

  • 2 варени компира
  • 3 јајца
  • 250 мл павлака за готвење
  • 100 гр пармезан
  • 75 гр кашкавал
  • сол по потреба
  • црн пипер по вкус
  • 13-15 парчиња аспарагус
  • 1 шери домат.

Подготовка:

  1. Парчињата аспарагус ставете ги во зовриена вода да се обарат. Доволни им се 5-10 минути.
  2. Во тркалезна тава претходно обложена со хартија за печење ставете го лиснатото тесто и избоцкајте го на повеќе места со вилушка.
  3. Сварените и изладени компири исечете ги на тенки кругови и наредете ги врз лиснатото тесто.
  4. Посолете ги и наросете мелен црн пипер.
  5. Во подлабок сад изматете ги јајцата и додајте ја павлаката за готвење.
  6. Убаво разматете со помош на жица за матење, па додајте ги пармезанот и ренданиот кашкавал.
  7. Малку посолете, измешајте и турете ја смесата во тавата врз компирите.
  8. Одозгора наредете ги кружно, претходно обарените и исцедени парчиња аспарагус, и во средината ставете еден шери домат.
  9. Печете на 180 степени, за време од 35 минути.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Пита со пиперки и сирење.

Сподели: