Пита со пиперки и сирење

Пита со пиперки и сирење

Обожаваме солени пити, а досега не сме пробале солена пита со пиперки и сирење. Бидејќи пиперките се едни од омилените зеленчуци кои во Македонија се приготвуваат на над 100 начини, сега го споделуваме овој рецепт.

Оваа декоративна и многу вкусна пита со пиперки и сирење ни доаѓа од кујната на Невена. Нема што повеќе да кажеме, затоа што сликата кажува сѐ, нели?

Пита со пиперки и сирење

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 130 гр маргарин или путер омекнат на собна температура
  • 2 јајца
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 70 мл вода
  • 1 лажиче сол.

Фил:

  • 500 гр изварка или сирење
  • 2 јајца
  • 100 гр зелени пиперки
  • 1 лажиче мак.

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги брашното, маргаринот, јајцата, солта, печивото и со водата замесете не лепливо тесто.
  2. Подгответе го филот. Јајцата измешајте ги со изварка, додајте ги пиперките исечкани на кругови, макот и сол по вкус. Добро измешајте.
  3. Од дел од тестото направете ленти, кои ќе ви послужат за декорација. Од останатото тесто направете кора и ставете ја во подмачкано плехче (бр. 30) или во калап за кростата и избоцкајте ја со вилушка.
  4. Ставете го филот и украсете ја со лентите.
  5. Ставете ја да се печи на 180 степени 40 минути. Топлата пита со пиперки и сирење послужете ја со јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки.

Сподели: