лиснати ролнички

Лиснати ролнички со колбаси

Вкусно мезе или слатка закуска за целото семејство! Неодоливо привлечни залачиња кои ќе ве мамат да посегнете по уште едно, сѐ додека не се изедат до крај. За овие лиснати ролнички со колбаси навистина вреди да издвоите малку време и да ги подготвите за некој специјален повод, ама и без причина штом ви се пријаде нешто домашно и месено.

Препуштете ѝ се на креативноста и во кујната создадете вистинско волшепство со малку тесто и највкусните колбаси. Сигурни сме дека ќе им се допаднат на сите и ќе се бара ролничка повеќе. Па вреди да направите дупла доза.

лиснати ролнички со колбаси

Состојки:

  • 8 колбаси (скараџиски или селски по избор) од Агриа
  • 800 г брашно
  • 200 мл млеко
  • 200 мл газирана вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 100 мл масло
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 4 лажици сенф или павлака (по желба)
  • 250 гр путер или маргарин за премачкување
  • 1 јајце за премачкување
  • мак (афион) за поросување.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги млекото, квасецот и шеќерот. Добро измешајте, па додајте ги газираната вода, маслото и околу 300 г брашно. Со помош на лажица измешајте го реткото тесто и додајте сол. Потоа, постепено додајте го и остатокот од брашното и со миксер изматете додека добиете мазно тесто.
  2. Продолжете со месење на тестото со помош на рацете. По потреба додавајте брашно со цел да се оформи топка од тестото. На крај додајте уште малку масло, премесете го тестото и покријте го со кујнска крпа. Вака подготвеното тесто оставете го на топло место додека двојно го зголеми својот волумен.
  3. Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна маса и премесете го. Поделете го на 2 или 3 еднакви дела. Секој дел развлечете го со помош на сукало и премачкајте го со растопен путер или маргарин. Потоа тестото преклопете го, повторно расукајте го и премачкајте го со растопен путер. Оваа постапка повторете ја неколку пати со цел да добиете лиснато тесто.
  4. Вака подготвеното тесто оставете го да одмори 5 минути, па развлечете го со помош на сукало во правоаголна кора. Кората премачкајте ја со сенф или павлака. Врз намазот на едниот крај од тестото наредете ги скараџиските колбаси, а на другиот направете засеци со нож на растојание од 1 см и завиткајте ја кората како ролат. Ролатот пресечете го на помали парчиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Истата постапка повторете ја и со останатите парчиња тесто.
  5. На крај секоја лисната ролничка премачкајте ја со јајце и посипете ја со мак.
  6. Во меѓувреме додека лиснатите ролнички нараснуваат, загрејте ја рерната на 220 степени. Ролничките печете ги додека поруменат. Печените лиснати ролнички послужете ги додека се топли. На здравје!

Препорака од нас:

За да бидете сигурни дека ќе добиете неодоливо вкусни лиснати ролнички, препорачуваме да набавите колбаси од Агриа. Ексклузивно во месарниците на Агриа (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на колбаси од нивно производство. Изборот е голем, а може да се најдат скараџиски, селски, домашни, барени колбаси како и различни месни преработки. А што е најважно за вкусен оброк? – Изборот на квалитетни намирници од македонско потекло е од голема важност за крајниот резултат кој треба да го воодушеви целото семејство, а вие да сте задоволни со кулинарскиот предизвик. Посетете ги месарниците на Агриа, набавете свежо свинско месо, јунешко месо, како и месни преработки од домашно производство.

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети со ќофтиња во доматен сос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: