Лук - намирница со огромно позитивно влијание врз целокупното здравје

Лук – намирница со огромно позитивно влијание врз целокупното здравје

Храната нека ви биде лек, а лекот е вашата храна!– Ова се познатите зборови на античкиот грчки лекар Хипократ, често нарекуван татко на западната медицина. Тој всушност препишувал лук за лекување на разни медицински состојби. Тоа е така бидејќи неговите лековити својства се многубројни и силни и поволно влијаат врз целокупното здравје.

Лукот своите својства му ги должи на алицинот – моќно соединение кое го „брани“ лукот од напади на бактерии и габи. Но, за најдобро да ги искористите неговите благотворни дејства, треба правилно и често да го консумирате. А ако се грижите за непријатниот здив после неговото консумирање ви предлагаме да прочитате: Јадевте лук? Еве како да го неутрализирате мирисот.

Лук - намирница со огромно позитивно влијание врз целокупното здравје

Препорачано е лук да се јаде секојдневно, особено во зимскиот период кога настинките се честа појава. Еве зошто:

  • Лукот е одличен антиоксиданс кој го зајакнува имуниот систем, го успорува стареењето на организмот и ја зголемува отпорноста спрема инфекции.
  • Го намалува крвниот притисок – Сулфурните соединенија во лукот кои му даваат карактеристичен мирис, можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок.
  • Го намалува ЛДЛ холестеролот – Лукот има поволно влијае врз здравјето на срцето. Помага да се намали ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, како и триглицеридите во крвта.
  • Има силни антибактериски и антигабични својства. Се смета за еден од најдобрите природни антибиотици, а особено е корисен во борбата против бактеријата Escherichia coli и кандида.
  • Антиканцерогени својства – Некои студии покажаа дека консумирањето лук спречува појава на различни форми на рак.

Совети плус:

  • Ако сакате да го искористите максимумот од лукот за здравјето, препорачливо е да јадете по 3 чешниња лук на ден.
  • Најдобро е да го консумирате свежо излупен, во сурова состојба.
  • Во случај на термичка обработка, тоа нека биде кратко, не повеќе од 10 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: