Дали постојано се чувствувате иритабилно, слабо и исцрпено? Доколку ги осеќате овие симптоми може да имате недостаток на магнезиум.
За правилно функционирање на организмот, неопходни се магнезиумот, калиумот, калциумот и натриумот. Магнезиумот е значаен за голем број на метаболитички функции. Тој учествува во производството и транспортот на енергијата, важен е за контракција и релаксација на мускулите, а е вклучен и во синтеза на протеини. Телото не произведува магнезиум, па затоа потребно е секојдневно да се консумира храна која е богата со овој важен минерал.
Експертите препорачуваат да се консумира храна која е богата со магнезиум, затоа што магнезиумот:
- влијае релаксативно врз нервите и мускулите
- ги гради и зајакнува коските
- одржува правилна циркулација на крвта.

Симптоми при недостиг на магнезиум
Магнезиумот има поголем број на улоги во организмот. Околу 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во скелетните мускули и срцевиот мускул, а мал дел во мозокот, бубрезите и црниот дроб. Како резултат на тоа, симптомите при недостиг на магнезиум во телото се различни:
- слабост и грчеви во мускулите
- меки и кршливи коски
- главоболка
- небалансирано ниво на шеќер во крвта
- покачен крвен притисок
- покачување на телесната тежина
- депресија
- недостаток на апетит.
Извори на храна која содржи висока количина на магнезиум
Зелениот лиснат зеленчук и јаткастите плодови се едни од најдобрите извори на магнезиум. За да ја зголемите количината на магнезиум во телото се препорачува почесто да консумирате:
Интегрален леб и интегрален ориз
Интегралните житарки се одличен извор на растителни влакна, витамини од групата Б, магнезиум, кои помагаат во превенција на голем број заболувања помеѓу кои и дебелината. Лебот направен од интегрално брашно има поповолно влијае врз здравјето во споредба со лебот припремен од бело брашно.
Семки од тиква и ладно цедено масло од тиква
Малите зелени семки од тиква се богати и со магнезиум и цинк, кои се значајни за зајакнување на имунитетот и за намалување на симптомите на дијабетес. Семките може да ги користите како грицки, да ги додавате во јадења, печива, смуди и салати. Ладно цеденото масло од тиква содржи есенцијални минерали како магнезиум, бакар, манган, калиум, калциум, железо, цинк и селен. Имајќи ги во предвид сите хранливи вредности на ова масло, тоа е одлично за здравјето и негата на кожата, како и одржувањето на нормална клеточна структура. Маслото од семки од тиква може да го користите за зачинување на храната.
Грав и леќа
Белиот грав и леќата содржат големи количини на магнезиум. Така, доколку редовно внесувате доволни количини на грав и леќа ќе ги задоволите потребите на организмот за магнезиум, кој е важен минерал за извршување на голем број клеточни функции во организмот. Магнезиумот одржува електричен потенцијал низ нервите и мускулните мембрани со што помага во справување со стресот, а е неопходен и за здрави коски.
Покрај нив, добри извори на магнезиум од храната се:
Денешниот начин на живот е поврзан со зголемен стрес, затоа за подобро расположение и поздрав живот не прескокнувајте ја храната богата со овој значен минерал.
Ви предлагаме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.