Ако досега не сте правеле мазник од готови кори со фил од модар патлиџан, искрено ви препорачуваме да го испробате рецептот. Лесно е и брзо, а сигурно ќе ви се допадне!
Изгледа многу примамливо, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите на нашата пријателка Лана, која своите рецепти ги објавува на блогот Kuhinjica mignone.

Состојки:
- 250 гр тенки кори
- 100 масло
- 100 мл минерална вода
- 2 модри патлиџани со средна големина
- 1 главица кромид
- сол, црн пипер и магдонос по вкус
- 1 јајце за премачкување
- сусам по потреба.
Подготовка:
- Модрите патлиџани испечете ги во рерна за да омекнат, а потоа излупете ги и ситно исечкајте ги (тоа можете да го направите и со машина за мелење месо).
- Во малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид и додајте го исечканиот модар патлиџан. Кратко пропржете заедно, а потоа додајте зачини по желба (сол, црн пипер и магдонос по вкус). По желба можете да додадете и лажица ајвар по желба.
- Корите исечете ги на половина, така да се добијат помали правоаголници. Секоја кора попрскајте ја со малку масло и минерална вода.
- На едниот крај ставете лажица фил, па завиткајте ги краевите кон внатре. Замотајте ги како ролни и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Готовите парчиња мазник премачкајте ги со малку масло и вода и печете ги на 200 степени околу 30 минути. Послужете ги топли, а може да ги сервирате со шолја јогурт или кисело млеко. На здравје!
Предлог: Доколку ви останат кори за кои немате фил, за фил ставете малку сирење.
Ви препорачуваме да прочитате: Мазник со готови кори – лесен рецепт.