Макало од лук и лут буковец – комбинација за силно здравје

Речиси и да нема човек кој не знае дека лукот има голем број на здравствени придобивки. Истото е и со лутата пиперка. А, кога овие две намирници ќе се спојат, силно здравје е загарантиран резултат. Како да ги искомбинирате за максимално уживање, освен искористување на бенефитите? – Макало од лук и лут буковец е вистинскиот избор!

Уште од дамнешни времиња се познати позитивните ефекти на овие две намирници. Луѓето од многу одамна ги користат лукот и лутата пиперка во исхраната, а и во традиционалната медицина. Денес се потврдени здравствените придобивки, а еве и дел од нив:

лук и лут буковец 2

Здравствени придобивки од лукот

Еве дел од придобивките на лукот за здравјето:

Штити од настинки и грип

Уште од дамнешни времиња се познати неговите здравствени придобивки и познат е како народен лек. И ден денес се употребува како заштита и третман против настинки и грип. Лукот е една од најстарите намирници кои човекот започнал да ги одгледува. Спаѓа во намирниците кои го штитат и подобруваат имунитетот. Може да се користи и за лечење на простата.

Штити од кардиоваскуларни болести и помага во превенција на рак

Ако редовно консумирате лук, шансите за да заболите од рак на дебелото црево се намалуваат за 35%. Оваа намирница треба да ја јадете доколку имате кардиоваскуларни проблеми или сакате да имате здраво срце. Го намалува крвниот притисок и пожелно е да го јадат лица со висок холестерол и триглицериди.

Лукот во служба на убавината

Лукот ја штити косата и кожата. Ако имате проблеми со акни и мозолки, пробајте да ги протриете со лук, но не премногу и не без претерување за да не настане печење. Потопете неколку чешниња лук во вода, а потоа во водата потопете ги стапалата. Ова е одличен третман за отстранување на габични инфекции и регулирање на т.н атлетско стапало. Генерално е добар во борбата против габични заболувања, паразити, вируси и слично.

Го потпомага женското здравје и корисен е за трудници

Ако жената има проблем со вагинални габични инфекции, лукот може да помогне. Тој содржи компонента алицин кој може да помогне во лечење на кандида. Што се однесува до бременоста, и тоа како им се препорачува на трудниците да го воведат во исхраната. Дајте му шанса, додајте го во јадењата и обезбедете го вашето тело и вашето бебе со витамини и минерали.

А сега, да преминеме на корисните својства од лутите пиперки

Лутата пиперка има бројни позитивни ефекти:

Го подобрува расположението, делува антивоспалително и го намалува ризикот од мозочен удар

Лутата пиперка директно влијае на зголемено лачење на серотонин, допамин, окситоцин и ендофрин – хормони задолжени за добро расположение. Делува антивоспалително, ублажува болка и помага против диспепсија (стомачни проблеми со надуеност и болка). Капсаицинот и другите елементи присутни во лутата пиперка се благотворни за одржување и зачувување на нашето здравје на целосно природен начин. Ефикасна е во намалување на ризикот од мозочен удар.

Капсаицинот е корисен за дигестивниот систем

Капсаицинот делува на гастричните сензорни влакна на гастричните неврони за болка. Ги десензибилира и ја намалува чувствителноста на болка. Болките во стомакот, мачнината и надуеноста значајно се намалуваат со редовна консумација на мали количини лута пиперка. Го поттикнува и подобрува варењето на храната. Може да ја забрза перисталтиката и да предизвика дијареја, па не им се препорачува на лица кои страдаат од хемороиди и чир на желудник.

Лутата пиперка е корисна за слабеење и штити од разни болести

Богата е со витамини и минерали. Содржи фитохемикалии кои се потребни за здраво функционирање на организмот. Има антиоксидативни својства и може да превенира и ублажи симтоми на некои болести. Корисна е за зачувување на видот и против разни инфекции. Го јакне имунитетот. Делува антидепресивно, антисептички, позитивно делува на работата на бубрезите и цревата. Лутите пиперки имаат ниска енергетска вредност, па се одличен избор при слабеење.

Го потпомага здравјето на кардиоваскуларниот систем

Лутите пиперки ги намалуваат холестеролот и триглицеридите и спречуваат згрутчување на крвта. Помага при рак на простата. Редовниот внес на лути пиперки може да помогне при дијабетес и во регулирање на шеќерот во крвта.

Наша препорака:

За максимално искористување на позитивните ефекти на овие две намирници, ви препорачуваме во секојдневните јадења да го вклучите макалото од лук и лут буковец на Рајска Градина. Сите придобивки во една тегличка! Новиот производ на нашите пријатели Рајска Градина е направен по традиционален рецепт и од внимателно избрани состојки. Макалото со лут буковец е 100% природно и без конзерванси. Освен новото макало, Рајска Градина имаат голем број на други произови. Нивната палета може да ја погледнете на Facebook фан страната или Instagram профилот на Рајска Градина.

макало од лук и лут буковец

Ви препорачуваме да прочитате: Макало од лук, главно на трпезата – добри начини за јадење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: