Дали сте знаеле дека оризот може да го подобри здравјето и квалитетот на вашата кожа? – Тоа е заради тоа што оваа намирница содржи линолеинска киселина, која заедно со другите материи во состав на оризот, позитивно влијаат на производството на колаген. Погледнете како лесно и дома може да си направите маска од ориз за подмладување!
Важата кожа ќе стане посјајна, брчките помали и свежината на лицето ќе биде значително подобра.

Состојки:
- 3 лажици ориз
- 3 лажици млеко
- 3 лажици мед.
Подготовка и начин на употреба:
- Оризот варете го додека омекне, па процедете го, но водата во која се варел зачувајте ја.
- Варениот ориздодајте го во претходно затопленото млеко и промешајте.
- Додајте го и медот во смесата и откако убаво ќе измешате нанесете ја на чисто и суво лице.
- Оставете да се исуши и измијте го лицето со водата во која се варел оризот. Резултатите ќе ве воодушеват!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашна маска за поздрава и побујна коса.