Оваа прекрасна билка со пријатен мирис на лимон, се нарекува маточина, пчелинок, мелиса, лимонка… Таа е една од малку бројните билки кои се истовремено лековити, мирисни, украсни, зачински, ароматични, медоносни и имаат индустриска примена.
Маточината за лекување се користела многу одамна. Плиниј ја препорачувал за очите, Парацелзиус ја нарекол еликсир на животот, а постојат белешки дека на Шекспир му бил омилена билка.

Маточината го намалува стресот и го подобува сонот
Направени се повеќе истражувања за дејството на маточината врз стресот, несоницата и напнатоста, а сите го потврдиле позитивниот ефект. Во комбинација со валеријаната подеднакво е делотворна како и некои лекови за смирување, само за разлика од нив не предизвикуваа несакани дејства.
Корисна е за мозокот
Докажано е дека маточината ја зајакнува концентрацијата и го поттикнува решавањето на текстуални и сликовити задачи. Благодарение на антиоксидансите кои ги содржи, го штити организмот од оштетувањето предизвикано од слободните радикали. На тој начин, пченилокот помага и кај заболените од Алцхајмерова болест да го подобрат памтењето и концентрацијата.
Помага при проблеми со дигестивниот систем
Европскиот здравствен фототераписки комитет ја одобрил оралната употреба на маточината при напнатост, немир и раздразливост. Маточината е благ, добар и пријатен лек кој се користи при проблеми во системот на органите за варење (против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање и против дијареја).
Поседува антивирусни својства
Маточината има јаки антивирусни својства, го скратува времето на траење на болеста и можноста за повторување на истата. Одлични резултати покажува кога се применува локално врз херпес на усни.
Етеричното масло од маточина има слично дејство како и самата билка. Многу е ценето, а разблажено се користи за масажа или за ублажување на херпес симплекс.
Лековитите својства на маточината се:
- помага при депресија и стрес
- ги намалува главоболките
- поттикнува мирен сон
- помага при прекумерна работа на тироидната жлезда
- ја намалува високата температура
- ублажува труднички мачнини и менструални грчеви
- помага кај херпес симплекс
- ја зголемува креативноста и концентрацијата.
Ви предлагаме да прочитате: Домашен сок за растворање од маточина (пчелинок).