Мафини со срце во внатрешноста

Празникот на љубовта се приближува, а ние ги ви предлагаме најдобрите идеи, за кои нема да потрошите многу пари, а ќе го изненадите партнерот со подарок направен со многу љубов. За таа цел, пребаравме низ интернет и ја најдовме оваа интересна идеја за мафини со срце во внатрешноста, кои сигурно ќе предизвикаат убави чувства и насмевка кај личноста за која сакате да ги направите.

Постапката за правење на мафини со срце во внатрешноста е многу лесна и детално е објаснета на следното видео. Ви преостанува да го погледнете видеото и да ги следите инструкциите, па сигурни сме дека нема да погрешите во подготовката на слаткото изненадување.

Состојки:

  • 320 грама брашно
  • 330 грама шеќер
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 мала лажичка сол
  • 5 грама желатин во прав
  • ½ чаша масло
  • 7 жолчки
  • 1 чаша вода
  • 7 белки
  • ½ лажица свеж сок од лимон
  • 1 лажица вода
  • прехранбена црвена боја.

Подготовка:

  1. Брашното, шеќерот, прашокот со печиво, солта и желатинот ставете ги во сад и измешајте ги со жица за матење. Во средината направете отвор и додајте ги жолчките, маслото и водата, но не мешајте.
  2. Во посебен сад за матење ставете ги белките и сокот од лимон и изматете ги додека се добие густ крем.
  3. Сместа од брашно со жолчките изматете ја со миксер на мала брзина за да се добие хомогена смеса. Во изматената смеса додајте ги белките и измешајте со лажица за да се соединат состојките.
  4. Во калап за мафини ставете три хартиени калапи и наполнете ги со смесата за мафини. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат за време од 10 до 15 минути.
  5. Печените мафини издробете ги во сад и додајте црвена прехранбена боја по ваша желба, 1 лажица од сместа за мафини и 1 лажица вода (или сок по вкус). Добро измешајте ја смесата и направете форми во вид на јагоди, како што е прикажано на видеото.
  6. Во калапот за мафини, ставете хартиени калапи и во нив турете по една лажица од смесата. Ставете ги да се печат во загреаната рерна за време од 4 до 5 минути. Потоа извадете го калапот и во средината ставете од направените форми. Потоа, мафините дополнете ги со преостаната смеса и ставете ги да се печат уште 5 до 7 минути.
  7. Печените мафини со срце во внатрешноста, оставете ги да се изладат, а потоа декорирајте ги по желба. Засладете се и уживајте во љубовта!

Ви предлагаме да прочитате: Креативни идеи од храна за романтичен Св. Валентин.

Сподели: