Нека цела куќа ви замириса на слатки ноти! Мека и сочна медена торта е секогаш добра идеја. Најубава е кога се служи ладна и исечена во вид на штанглички кои се топат во устата и баш брзо ги снемува од чинијата во која сте ги сервирале!
Уште еден прекрасен рецепт за кој и се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone. Фантазија за очи!

Состојки:
За кори:
- 400 гр брашно
- 100 гр мед
- 100 мл масло
- 100 гр шеќер
- 1 јајце
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет.
За фил:
- 750 мл млеко
- 4 лажици брашно
- 200 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 гр путер.
За глазура:
- 200 гр чоколадо
- 6 лажици масло.
Подготовка:
- Медот изматете го со маслото, шеќерот и едно јајце. Додајте ги циметот и брашното, претходно измешано со содата бикарбона и додајте уште малку брашно ако е потребно. Од состојките замесете мазно тесто, а потоа поделете го на три дела.
- Секој од деловите развлечете го во тенка кора. Најлесно ќе го постигнете тоа ако тестото го рзвлекувате со пошироко сукало и поставено помеѓу два слоја хартија за печење. Големината на развлеченото тесто треба да биде колку што е големината на плехот за печење.
- Корите се печат на задната страна од плехот за време од 7-8 минути, на 180 степени, а ќе препознаете дека треба да ги извадите од рерна кога ќе се заруменат рабовите. За најдобро да ви излезе тортата, секоја од истенчените кори, заедно со хартијата, внимателно пренесете ја врз плехот, па отстранете го само горниот слој (врз долниот слој хартија се печи).
- Печените кори се многу нежни, па внимателно пренесете ги врз рамна површина. На ист начин испечете ги и останатите кори и оставете потполно да се изладат.
- Во меѓувреме почнете со припрема на филот. Во 200 мл ладно млеко разматете го брашното со 100 грама шеќер и ванилиниот шеќер.
- Преостанатото млеко ставете го на оган, па во него додајте уште 100 гграма шеќер и втората кесичка ванилин шеќер.
- Кога млекото ќе зоврие внимателно турете ја смесата со изматеното брашно и непрестано мешајте додека се направи густ крем. Оставете го кремот на страна за малку да се излади.
- Потоа во млакиот фил додадете го и путерот, и изматете со миксер за се убаво да се соедини.
- Корите премачкајте ги со изладениот фил и составете ја тортата (и врз горната кора може да нанесете тенок слок).
- Оставете тортата малку да се излади, а потоа прелијте ја со глазурата од чоколадо (за глазурата стопете го чоколадото на пареа со малку масло). По желба одозгора нарендајте уште малку чоколадо, а по 1-2 часа веќе ќе можете да се послужите од превкусната медена торта. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Полнети медени чоколадни срца.