медитеранска салата

Медитеранска салата со тестенини

Мирисот и вкусот на Медитеранот сервирани во чинија! Звучи примамливо, зар не? Овие топли летни денови уживајте во медитеранска салата со тестенини која има лесен и освежителен вкус. Па, доколку и вие сте љубител на медитеранската кујна како и нас, топло ви препорачуваме да ја пробате оваа салата, која всушност претставува еден целосен и здрав оброк.

Може да ја послужите како здрав и хранлив појадок, како предјадење на главниот ручек  или лесна ужина, изборот го оставаме на вас. Ние ви гарантираме дека со оваа медитеранска салата со тестенини ќе уживате во било кој дел од денот. А тоа што се подготвува лесно, е само уште еден бонус, кој го прави овој рецепт совршен. Пробајте го и уверете се!

медитеранска салата

Состојки:

За дресинг:

За салата од тестенини:

Подготовка:

  1. Во длабок сад додајте ги маслиновото масло, винскиот оцет, каперсите, лукот, босилекот, власецот, магдоносот и добро измешајте за да се соединат сите состојки. Потоа зачинете со сол и црн бибер по вкус.
  2. Чери доматите пресечете ги на половина, а моцарелата на ситни коцки, па додајте ги во претходно подготвениот дресинг за салата.
  3. Во меѓувреме ставете ги тестенините да се сварат според упатството за подготовка на пакувањето.
  4. Откако ќе ги процедите тестенините, додајте малку маслиново масло и оставете ги кратко да се изладат.
  5. Вака подготвените тестенини може да ги послужите веднаш, така што ќе ги прелиете со претходно подготвениот дресинг за салата или пак да ги чувате во добро затворен сад за складирање во фрижидер 1-2 дена. По потреба, само прелијте ги со готовиот дресинг кој исто така ќе го чувате во фрижидер и за миг ќе имате совршено подготвена салата од тестенини. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за шеф салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: