Медитеранско пастицио 1

Медитеранско пастицио – Печени макарони со мелено месо и бешамел сос

Јадење за кое е вредно да издвоите време! Вашето семејство ќе биде воодушевено да проба нешто ново. Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за пастицио – печени макарони со мелено месо и бешамел сос кое доаѓа од медитеранската кујна!

И благодариме на нашата пријателка Лана за споделениот рецепт. Ова јадење е познато под името „пастицио“, а многу извори велат дека станува збор за грчки специјалитет. Медитеранската кујна важи за една од најшироко прифатените, па еве го рецептот.

Медитеранско пастицио 2

Состојки:

  • 400 грама макарони

За фил:

  • 1 главица кромид
  • 300 грама мелено месо
  • 200 мл доматно пире
  • сол, црн пипер и оригано по вкус

За бешамел:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 50 грама путер
  • малку масло
  • сол, морско оревче по вкус
  • 50 грама кашкавал

За посипување:

  • 50 грама кашкавал.

Подготовка:

  1. Припрема на филот. Кромидот излупете го, измијте го и ситно исечкајте го, па пропржете го со малку масло. Додајте го меленото месо и зачинете го по вкус. Пржете кратко, па додајте го доматното пире и динстајте додека месото омекне.
  2. Припрема на бешамел сосот. Путерот растопете го со малку масло, па додајте го брашното и запржете го. Додајте го полека ладното млеко, а притоа постојано мешајте за да не се создадат грутчиња. Зачинете по вкус и кога бешамел сосот е готов, додајте 50 грама од кашкавалот.
  3. Макароните сварете ги во посолена вода и исцедете ги. Поделете ги на 2 дела. Едниот дел измешајте го со претходно припременото мелено месо, а другиот дел измешајте ги со бешамел сосот. Садот за печење премачкајте го со путер. Прво распоредете во него слој од макароните измешани со мелено месо, а потоа од макароните измешани со бешамел сос. Одозгора посипете со рендан кашкавал.
  4. Ставете го кратко да се печи во претходно загреана рерна на 200-220 степени. Послужете топло и на здравје!

Совет плус: Ова јадење може да го служите во индивидуални садови, а посебно декоративно ќе изгледа ако го сервирате во чинија без садот за печење, а да бидат видливи слоевите на јадењето.

Медитеранско пастицио 3

Ви препорачуваме да прочитате: Потпечени макарони со фил од печурки и прелив од кисело млеко.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: