Мед и таан - совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето

Мед и таан – совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето

Храната која е вкусна, но истовремено здрава и има бројни придобивки е добредојдена во секој момент! Природата ни нуди многу лекови, но истите треба да се знаат и да се консумираат. Овој пат вниманието ни го привлече омилената комбинација на мед и таан која традиционално се користи во алтернативната медицина долги години. Направивме ново истражување на оваа тема, па ве запознаваме подетално со нашите мали откритија.

Сигурно веќе знаете дека медот се користи како народен лек низ историјата за многу различни здравствени состојби и медицински намени. Но, дали сте пробале таан и што знаете за него? – Таанот претставува паста направена од мелен сусам, има лесен и пријатен вкус. Тој е основа на популарниот десерт – таан алва, а се користи и за подготовка на познатиот хумус – намаз од наут. Покрај неговите кулинарски примени, поседува и многу здравствени придобивки. Токму тоа беше наша мотивација да истражиме подетално и да ја запознаеме храната која е достапна, но и здрава. 

Мед и таан - совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето

Медот и таанот претставуваат одличен извор на антиоксиданси и го штитат организмот од хронични заболувања

Медот содржи многу природни состојки кои имаат антиоксидативен ефект. Некои видови на мед содржат исто толку антиоксиданси како овошјето и зеленчукот. Антиоксидансите помагаат во заштитата на клетките од оштетување од слободните радикали. Слободните радикали го забрзуваат процесот на стареење и може да предизвикаат развој на хронични болести како што се канцерогените и срцевите заболувања. Повеќе за придобивките од медот прочитајте на линкот – Здравје во тегла! – Природниот мед е единствена нерасиплива храна!

Таанот содржи антиоксиданси – наречени лигнани, кои го неутрализираат дејството на слободните радикали во телото и може да го намалат ризикот од заболувања. Кога слободните радикали се присутни во голема количина, може да ги оштетат ткивата и да придонесат до развој на болести, како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања и некои карциноми. Затоа со право може да речиме дека медотаанот е сладок избор кој е познат и како чувар на здравјето. 

Хранливата вредност на таанот ќе ве поттикне почесто да го вклучите во исхраната

Таанот изобилува со здрави масти, витамини и минерали. Всушност, само 1 лажица од 15 грама обезбедува повеќе од 10% од дневната вредност за некои хранливи материи.

Па така, една лажица таан содржи:

  • 90 грама калории
  • 3 грама протеини
  • 8 грама масти
  • 3 грама јагленихидрати
  • 1 грам растителни влакна
  • 13% тиамин од дневните препорачани потреби (ДП)
  • 11% витамин Б6 од ДП
  • 11% фосфор од ДП
  • 11% манган од ДП

Таанот е одличен извор на фосфор и манган, два минерали кои се од огромна важност за здравјето на коските. Исто така, содржи големи количини на витамините Б1 и Б6 кои се важни за производство на енергија. Покрај тоа, околу 50% од мастите во таанот потекнуваат од мононезаситени масни киселини кои поседуваат антиинфламаторни својства и се поврзани со намален ризик од хронични заболувања.

Ви препорачуваме да прочитате: Мед и цимет – слатка комбинација која го чува имунитетот, помага за слабеење, висок холестерол…

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: